Достапни линкови

Големи класни разлики во Македонија


Највисоката плата во Македонија е 536 пати повисок од минималната плата. За човек што прима минимална плата да ја заработи највисоката месечна плата, треба да работи 76 години.

Во Македонија има големи класни разлики, дури најголеми од земјите во опкружувањето, истакнаа од левичарското движење „Солидарност“ кое деновиве во Битола ја промовираше книгата „Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008 -2012“. Станува збор за студија работена врз база на податоци за најниската плата од 8050 денари и највисоката од 4,5 милиони денари во земјава за посочениот период, при што разликата во висината на платите е 536 пати.
Оној кој прима минимална плата од 8050 денари да заработи една месечна плата на овој најбогат човек треба да работи 48 години. За да заработи два месечни плати треба да живее 110 години.
Здравко Савески, Левичарско движење Солидарност.

Здравко Савески.
Здравко Савески.
„До таа мера дојдоа големите разлики во класите што највисоката плата во Македонија е 76.000 евра месечно, а за оној кој прима минимална плата од 8050 денари да заработи една месечна плата на овој најбогат човек треба да работи 48 години. За да заработи два месечни плати треба да живее 110 години, а знаеме дека тоа не може да го направи. Тоа е јасна индикација дека класните разлики во Македонија се многу големи“, изјави Здравко Савески од „Солидарност“.

Стапката на сиромаштија во земјава според Државниот завод за статистика, изнесува 27 проценти или околу 545.000 лица се сиромашни.

„Оправдувањето дека имаме голема сиромаштија во Македонија зашто таа е сиромашна земја, не држи. Ако се води вистинска социјална политика насочена кон намалување на сиромаштијата, тогаш во земјава би имало далеку помалку сиромашни од оние што денес ги има“, вели Савески.

Од добиените резултати произлегле и препораки за намалување на класните разлики, кои претежно се однесуваат на даночната политика.

„Македонија, според податоци на Светскиот економски форум, е прва земја во светот во конкуренција на 146 земји според малото даночно зафаќање на газдите. Треба да се зголеми персоналниот данок на богатите од плата, да се зголеми данокот на добивка од 10 проценти, односно да се врати на претходното ниво од 15 проценти, да се намали екстра привилегијата на ултрабогатите за придонеси од плата“, додава Савески.

Од здружението „Солидарност“ да се позанимаваат со препораките и заклучоците најпрво им препорачуваат на синдикатите.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG