Достапни линкови

Кумановско семејството во крајна сиромаштија


Домот на Екрем Емрулау од Куманово.
Домот на Екрем Емрулау од Куманово.

Кумановецот Екрем Емрлау поради сериозно нарушено здравје не можел да работи. и неговите деца останале без образование. Вели дека и нивното здравје е нарушено бидејќи јадат само маргарин.

Екрем Емрлау (60) од Куманово со неговите две деца, синот и ќерката на 24 и 25-годишна возраст живее во тешка сиромаштија. Нивниот скромен дом е една соба, мал ходник и импровизирана бања, во куќата на братот на Екрем. Сиромаштијата и болеста ова семејство го изолирала од надворешниот свет.
Повеќе пати бев во општина и таму паднав. По три-четири денови отидов во Центарот за социјални работи и таму паднав.
Екрем Емрлау, жител на Куманово.

Екрем и неговите деца ги напуштила мајката, кога едното дете било на само пет месеци. Таа си заминала во Босна зашто не можела да поднесе да нема ниту ронка леб, бидејќи Екрем поради сериозно нарушено здравје не можел да работи. Децата останале без образование. Тоа подразбира и без контакти со нивните врсници. Екрем вели дека и здравјето на децата е нарушено бидејќи со месеци јадат само маргарин.

Децата немаат школо. Немав услови за тоа. Жената ме напушти кога ќерката имаше само пет месеци пред речиси 24 години. Никој веќе не сака да слушне за нас. Никого не го интересира.
Екрем Емрлау, жител на Куманово.
Тој тропал на повеќе врати во институциите барајќи помош, но освен социјален надоместок од три илјади денари не добиле ништо. Роднините и соседите им помагаат кога ќе имаат отповеќе одошто им треба, раскажува Екрем.

„Повеќе пати бев во општина и таму паднав. По три-четири денови отидов во Центарот за социјални работи и таму паднав“, вели тој.

Тешко му паѓа и за децата.

„Децата немаат школо. Немав услови за тоа. Жената ме напушти кога ќерката имаше само пет месеци пред речиси 24 години. Никој веќе не сака да слушне за нас. Никого не го интересира“, вели Екрем.
Камо среќа уште еднаш да се роди Тито. Да има бесплатно школување, да има работа во фабриките. И претседателот Борис Трајковски. Тој ми даваше помош во храна. Кога умре тој, ништо нема.
Екрем Емрлау, жител на Куманово.

Ова тричлено семејство малку зборува, особено децата. Единствено што сакаат да добијат е некаков плац за да подигнат своја куќичка, оти братот на Екрем има четири деца и кога-тогаш и тоа малку простор ќе им треба.

„Да изградиме две соби од материјалот што пријатели ми го донесоа“, вели Екрем.

Кога децата тргнале на школо немале ништо, како што вели тој, ниту ниту шпорет ниту дрва.

„Греалка ми даде еден Македонец, Муња го викаа. Струја не плаќам и сум рекол на брат ми нека ја исечат“, вели тој.

РСЕ: Ви помага ли брат ви?

„Не, со што да ми помага, тој има четири деца, а работи приватно со еден Македонец. Денеска има утре нема“, вели Емрулау.

Досега хуманитарна помош ова семејство добило од некоја женска организација од Штип. Затоа од тага и од револт Екрем жали за минатото време и вели:

„Камо среќа уште еднаш да се роди Тито. Да има бесплатно школување, да има работа во фабриките. И претседателот Борис Трајковски. Тој ми даваше помош во храна. Кога умре тој, ништо нема“, вели тој.

Екрем вели дека има сосетки Македонки кои му помагаат и раскажува:

„Ми велат слушнавме дека немаш леб. Еве и зејтин. Благодарен сум и велам кога имате - имате, кога немате, нема проблем. Еден што работи на пазарот две-три години ни даваше и леб и со леб“, вели Емрулау.

И покрај тоа што Екрем не знае како да преживува со своите деца, сепак тој на сите луѓе им посакува среќа. Кој ќе му помогне ќе биде благодарен.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG