За да се реши проблемот со сите стечајни работници, Владата ќе треба да одвојува 13 милиони евра годишно, тврди Левичарското движење Солидарност. Од таму велат дека е лага тврдењето дека нема доволно пари за сите стечајци во буџетот, затоа што годинава буџетот изнесува речиси 3 милијарди евра, а за исполнување на целта потребно е само политичка волја.
Својот став го објаснуваат со пресметката дека ако на секој стечаен работник треба да му се исплаќа надомест од 7.100 денари месечно во нето износ, тоа би значело дека за него државата треба да издвојува надомест во бруто износ од околу 11.230 денари месечно или 134.760 денари годишно. Ако има околу 6.000 стечајци, тоа би значело дека на годишно ниво од буџетот треба да се издвојуваат 808.560.000 денари за нивно материјално обезбедување односно околу 13 милиони евра.
Сумата што треба да се одвои за бруто износот на надоместоците за стечајците во 2014 година би била 0,46 отсто од буџетот. Според нивната пресметка, од овој бруто износ ќе се плаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување и за вработување со што државата ќе префрла од едниот свој џеб во другиот, па на сите стечајци ќе треба да им префрли 8,3 милиони евра годишно, а тоа е 0,29 отсто од Буџетот.
Здравко Савески од „Солидарност“ вели дека Владата има пари за оваа ранлива група, а пример за тоа е досегашното обесштетување од старо девизно штедење.
„Ако државата имала 10 години да издвојува по 52 милиони евра за старото девизно штедење, тогаш воопшто не претставува оптоварување на буџетот да се издвојува максимум 13 милиони евра. При тоа треба да имаме предвид дека буџетот за 2014 година е доста поголем од буџетите од минатата деценија кога се издвојуваа пари за заробените девизи“, вели тој.
Савески додава дека проблемот лежи во недостигот на политичка волја.
„Она што Владата сака да го направи е наизглед да се чини дека го решава проблемот со стечајците и при тоа со минимални, најминимални парични средства од буџетот да се фали во јавноста дека го решила овој проблем, а парите што треба да се издвојат од буџетот за решавање на проблемот на стечајците да ги троши на ненаменски како сака и умее, со приоритети кои далеку од тоа да се социјални“, вели Савески.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека е апсурдно тврдењето дека 13 милиони евра годишно се голем залак за буџетот.
„Ние сме сведоци на крајно нерационално користење на буџетот на Република Македонија од 3 милијади евра, еден дел сигурно се враќа во џебовите на властодршците, а другиот дел се користи за инвестиции и намени кои што воопшто на оваа држава во овој степен на сиромаштија не и личи да ги троши на луксузи“, вели Хајредини.
Претседателот на Сојузот на синдикати Живко Митревски, на новинарско прашање што ќе преземе доколку не им се реши статусот на сите стечајци и дали ќе побара законски измени, одговори дека не треба да се избрзува.
„Значи прво треба да видиме да се спроведе законот, да видиме какви се ефектите од законот, па понатаму ќе разговараме. Во секој случај поентата е сега сите оние кои треба да ги искористат правата од овој закон да им овозможиме услуга истите да ги реализираат“, рече Митревски.
Досега до Агенцијата за вработување над 4 илјади стечајни работници поднеле барање за паричен надоместок. Агенцијата за вработување во соопштението до јавноста информира дека при поднесување на барањето, невработеното лице треба да приложи само лична карта на увид, а сите останати документи ќе бидат собрани по службена должност. Крајниот рок до кога стечајците ќе може да поднесуваат барање е 22 март.
Ако државата имала 10 години да издвојува по 52 милиони евра за старото девизно штедење, тогаш воопшто не претставува оптоварување на буџетот да се издвојува максимум 13 милиони евра.Здравко Савески, Левичарско движење Солидарност.
Својот став го објаснуваат со пресметката дека ако на секој стечаен работник треба да му се исплаќа надомест од 7.100 денари месечно во нето износ, тоа би значело дека за него државата треба да издвојува надомест во бруто износ од околу 11.230 денари месечно или 134.760 денари годишно. Ако има околу 6.000 стечајци, тоа би значело дека на годишно ниво од буџетот треба да се издвојуваат 808.560.000 денари за нивно материјално обезбедување односно околу 13 милиони евра.
Сумата што треба да се одвои за бруто износот на надоместоците за стечајците во 2014 година би била 0,46 отсто од буџетот. Според нивната пресметка, од овој бруто износ ќе се плаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување и за вработување со што државата ќе префрла од едниот свој џеб во другиот, па на сите стечајци ќе треба да им префрли 8,3 милиони евра годишно, а тоа е 0,29 отсто од Буџетот.
Ние сме сведоци на крајно нерационално користење на буџетот на Република Македонија од 3 милијади евра.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.