Достапни линкови

Стечајците бараат поддршка од синдикатот


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Откако стечајците од УНИТ му дадоа рок од седум дена на првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија да се сретне со нив, Живко Митревски излезе со коментар дека тој не работи со условување, но одобрува секаков обид за решавање на правата по институционален начин.

Откако стечајците од УНИТ му дадоа рок од седум дена на првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија да се сретне со нив, Живко Митревски излезе со коментар дека тој не работи со условување, но одобрува секаков обид за решавање на правата по институционален начин. Со здружението на стечајните работници од УНИТ имаме соработка со години наназад и водено разговори кои особено се интензивираат за избори, тврди Митревски.
Секогаш кога ќе побараат разговор сите здруженија на стечајни работници, тогаш тие разговори се водат на највисоко ниво, додека согласно заклучокот на денешната седница, овластен е претставникот на ССМ од регионалната канцеларија во Куманово да ги води разговорите,
Живко Митревски, поретседател на ССМ.

Претседателот на ССМ дополни дека не бегаат од разговори, исто како што постапуваат и со останатите девет здруженија на стечајни работници во Македонија, но нагласи дека овластен за разговори со стечајците од Куманово е претставникот на ССМ од регионалната канцеларија.

„УНИТ е едно од десетте здруженија на стечајни работници, а ставот на ССМ е дека секогаш кога ќе побараат разговор сите здруженија на стечајни работници, тогаш тие разговори се водат на највисоко ниво, додека согласно заклучокот на денешната седница, овластен е претставникот на ССМ од регионалната канцеларија во Куманово да ги води разговорите, а потоа да нè информира за тоа што понатаму ќе преземе ССМ“, вели Митревски.

Од УНИТ му дадоа рок од 7 дена на Митревски да се сретне со нив и најавија дека во спротивно ќе ја блокираат работата на регионалната канцеларија. Од ова Здружение на стечајни работници остануваат на ставот дека бараат средба лично со Митревски и дополнуваат дека тие имаат добра соработка со регионалниот синдикат.

„Прво, господинот Живко Митревски имаше само една средба со стечајните работници. Тогаш на средбата му предложивме да го предложи нашиот предлог закон на економско социјалниот совет, тој вети, но до ден денеска нема ништо. Второ, не со регионалните синдикати да имаме средби, зашто ние имаме комуникација со сите регионални синдикати, нам ни треба да седнеме со господинот Живко Митревски“, изјави Љиљана Ѓорѓиевска од УНИТ.
Судири меѓу стечајците и полицијата во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:19 0:00
Законот за материјално обезбедување на невработените лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок почнува да се применува од пред 15 дена, а според Владата, опфаќа 3.000 стечајци.

Во однос на сите дилеми на стечајните работници ССМ излезе со отворен повик сите работници кои чувствуваат потреба дека треба да им биде помогнато, ако има нејаснотии дали треба да се најдат во одреден список и дали одредено претпријатие е внесено во тие списоци или нејаснотии во поглед на дефинирање на сопственоста да се обратат во ССМ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG