Достапни линкови

Измените за стечајците и војниците по итна постапка


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Собранието по скратена постапка ќе ги носи законите за изменување и дополнување на законите за стечајците и за професионалните војници.

Собранието по скратена постапка ќе ги носи законите за изменување и дополнување на законите за стечајците и за професионалните војници. Со измените, околу 3.000 стечајци ќе добиваат месечен надомест од 7.100 денари, додека пак околу 4.000 војници по завршувањето на службата во АРМ ќе бидат ангажирани во државните институции. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека на тој начин голем број на стечајци ќе бидат материјално обезбедени.
Се предвидува материјално обезбедување на голема бројка на лица.
Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

„Се предвидува проширување на опфатот и периодот на важење на самиот закон и се предвидува материјално обезбедување на голема бројка на лица со оглед на тоа дека не се работи за обемен и сложен закон, односно обемни измени, се предлага законот да оди по скратена постапка.“
Талат Џафери.
Талат Џафери.

Министерот за одбрана Талат Џафери истакна дека со законот за професионални војници значител дел од нив кога ќе продложат со работа кога всушност се најспособни.

„Со оваа законска норма, значителен број на припадници на армијата во кои што е инвестирано со огромен буџет за нивна професионализација и обука, во
Владата обидувајќи се да се додвори на граѓаните и да тој популизам го шири што повеќе, предложи лоши законски решенија за стечајните работници и професионалните војници.
Марјанчо Николов, СДСМ.
време кога можеби се најплодни за нивната должност, тоа се судира со законските норми и треба да го прекинат работниот однос во армијата.“

Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов рече дека владата на ВМРО-ДПМНЕ со тие закони лошо се обидува да ги копира и преземе мерките од програмата на опозицијата.

„Па така денеска на оваа седница имаме законски решенија за стечајните работници и професионалните војници кои што Социјалдемократскиот сојуз ги најавуваше. Владата обидувајќи се да се додвори на граѓаните и да тој популизам го шири што повеќе, предложи лоши законски решенија за стечајните работници и професионалните војници“, изјави Николов.

Од СДСМ предложија по скратена постапка да биде изгласан предлогот за поврат на 15 проценти од ДДВ на граѓаните. Но предлогот, како и оној за измена на законот за рурален развој не поминаа во Собранието.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG