Достапни линкови

Полицијата ги спречи стечајаците да влезат во Собрание


Собранието на Република Македонија не го прифати Предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, поднесен од опозицијата.

Стечајците кои денеска протестираат пред Собранието се судрија со полицијата, односно пробаа насилно да влезат во Собранието при што наидоа на полициски отпор. Како причината за обидот да го пробијат полицискиот кордон стечајците го наведоа незадоволството од одлуката да не им се дозволи на 4-ца нивни претставници да присуствуваат на седницата на која се жестоко се расправа за нивно обештетување од по 100 евра месечно.
Ако не го изгласаат законот ќе одиме кај секој пратеник дома да види како изгледа кога се бара леб, потоа ќе поставиме шатори во паркот Жена борец и ќе пробаме да ги известиме сите можни европски институции да за овој геноцид.

Љиљана Георгиевска претставник на кумановските стечајци вели дека ова е срамно што полицијата е доведена да го тепа народот.

„Ова е срамота. Ние и нашите внуци сме во многу тешка состојба.Да им се исушат рацете на оние што нема да гласаат за обештетување на стечјаните работници. Ние сме најмалку виновни, за нас сите се виновни сите сакаа да се докачат до некоја фирма, а најголем виновник за нас е господин
Живко Митревски што се крие со сидникатите што на време не ни објаснија како стојат работите а не сега да бараме милостина од пратениците. Ако не го изгласаат законот ќе одиме кај секој пратеник дома да види како изгледа кога се бара леб, потоа ќе поставиме шатори во паркот Жена борец и ќе пробаме да ги известиме сите можни европски институции да за овој геноцид“, рече Георгиевска.

Во Парламентот по петти пат пратенците жестоко дебатираа за Законот за материјално обезбедување на невработени лица. Власта и опозицијата дебатата ја тераа со меѓусебни обвинувања за тоа кој е виновен за големиот број стечајни работници.

Со овој закон требаше да бидат опфатени околу шест илјади невработени односно луѓе клои станале стечајци поради приватизацијата на претпријатијата со општествена и државна сопственост од државата. Законот го поднесе опозицијата. Пратеникот Менде Диневски од опозициската СДСМ од говорницата обвини дека премиерот Никола Груевски е виновен за еконосмката состојба на таа категорија на граѓани.

„При секое донесување на ова законско решение имате различно образложение или различен изговор зошто не го прифаќате. Минатиот пат кога го предложивме, кажавте дека тоа не го правите затоа што била светска економска криза. Денес слушам исчезна светската економска криза од вашиот речник. Денес кажувате сосема нешто друго. Сакам да ве прашам не ви е срам да кажете дека имало светска економска криза, а потрошивте пола милијарда евра за Скопје 2014? Не ви е срам да кажете дека немате 7.5 милиони евра за да го решиме прашањето на овие луѓе, а имате пари за лавови? Имате пари за жални врби, имате пари за сите ваши партиски манифестации, прослави што ги имате. “

Пратеничката од владечката партија Елена Павлова изјави дека најголемиот грабеж на претпријатијата во времето на приватизацијата го направила СДСМ.

„И се враќаме назад затоа што погрешните политики на СДСМ се плаќаат и влијаат на сегашноста. Наместо реформа број еден се доживеа наголемиот масовен грабеж во историјата на Македонија што во наследство остави она за што денеска дискутираме, уништени фирми и фабрики и комбинати, отпуштени 198 илјади работници, проневерени 4,6 милијарди марки државен општестевн капитал, над 15 транзициски милионери и банкротизиран здравствен систем со јавен долг над 80 милиони евра. “

Со пароли, „Спасете ги стечајните работници“, „Нож до коска“, стечајците бараат 100 евра месечно за задоволување на основните егзистенцијални услови. Тие најавија дека ќе протестираат пред домовите на сите пратеници додека не биде решено нивното прашање, и потенцираа дека доколку продолжи вака, овој проблем ќе стане „Украина 2“, а подготвени се и да постават шатори, пред Собранието, како и да протестираат пред домот на секој пратеник.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG