Достапни линкови

Стечајските шатори на готовс


Macedonia- Association of redundant workers UNIT.
Macedonia- Association of redundant workers UNIT.

Стечајците не се откажуваат од барањата. Тие најавуваат дека кон крајот на месецот ќе постават шатори пред Владата и ќе чекаат да се реши нивниот проблем.

Со исклучена струја поради неплатени сметки, со минимален паричен надоместок, без услови за пензионирање и можности за вработување, кумановските стечајци секојдневно ги разменуваат маките и бараат сламка за спас во канцеларијата на Здружението УНИТ во Куманово.
Ќе чекаме нашиот предлог закон да влезе во процедура. Кон крајот на месецов ние ќе поставиме шатори пред Владата и ќе чекаме се додека се реши нашиот проблем. Ќе бидеме од 18 градови најмалку околу две илјади стечајци.
Али Османи, престедател на Здружението на стечајците УНИТ.

Али Османи престедател на Здружението на стечајците УНИТ на ниво на државава, вели дека тие не можат да се откажат од своите барања, кои според него се реални и остварливи. Тој додава дека барањата за социјалниот пакет ги предале на претставници од кабинетот на премиерот Груевски.

„Ќе чекаме нашиот предлог закон да влезе во процедура. Кон крајот на месецов ние ќе поставиме шатори пред Владата и ќе чекаме се додека се реши нашиот проблем. Ќе бидеме од 18 градови најмалку околу две илјади стечајци.“
Али Османи престедател на Здружението на стечајци УНИТ.
Али Османи престедател на Здружението на стечајци УНИТ.

Османи смета дека нивните барања за паричниот надоместок од шест илјади денари се само за покривање на сметките и ништо повеќе. Многумина од стечајците се со тешки здравствени проблеми, немаат пари за лекување, ниту за набавка на неопходна терапија.
Како живееме? Никако. Седумчлено семејство, никој не работи. Се задолжуваме, а не можеме да вратиме.
Анкетиран стечаец.

„Од оваа кожа во друга не можеме да одиме“, вели Османи и додава дека во трите општини од поширокиот кумановски регион има илјада и двесте стечајци, но нивната бројка секојдневно се намалува поради смртноста.

Како живеат стечајците со над 25 години работен стаж и без средства за егзистенција, тие раскажуваат:

„Во градежната фирма „Маврово“ работев 28 години. Стечаец сум од 2006-та година, тричлено семејство, со дете инвалид. Струја неплатена, водата ни ја плаќа општината.“

„Како живееме? Никако. Седумчлено семејство, никој не работи. Се задолжуваме, а не можеме да вратиме.“

„Кој било нека излезе од актуелната Влада да ми каже како се живее со илјада денари социјална помош. Лично 27 години имам работен стаж во ЈП „Водостопанство“. ВМРО кога дојде на власт ги подели луѓето, избрка од работа 80 луѓе, 40 остави, си прими нивни луѓе. Десет дена немам струја, жена ми е дијабетичар, мене два пати ми оперира не сум способен да работам физички работи.“

Стечајците за огревно дрво или за зимница воопшто не размислуваат, велат не знаат ниту денот како ќе го поминат.

„Нека излезе некој од Владата да ни каже како тие илјада денари социјална помош да ги распоредиме бидејќи велат дека ни помагаат. Благодарни сме на градоначалникот на Куманово кој ни ги покрива сметките за вода и за ѓубрарина.“

„Во „Југ Турист“ сум работел 35 години. Живеам со илјада денари и синот колку може ми помага.“

РСЕ: Како живеете?

„Никако. Сиромашки. Во а.д. „Бисерка“ работев 35 години, жената е почината, детето е студент трета година, брат ми го школува. Јас немам ништо, брат ми прифати да помага на детето.“

РСЕ: Постои ли барем малку надеж?

„Се надевам, но кога и како не можам да бидам сигурен.“

Сепак, стечајците сметаат дека ништо друго не им преостанува освен да бидат упорни во своите барања.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG