Здружението на стечајните работници и технолошки вишок „УНИТ“ од Куманово незадоволни од по петти пат не усвојувањето на предлог-законот за нивно обесштетување започнаа со протести пред канцеларијата на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Без егзистенција, со сериозно нарушено здравје, веќе неспособни за работа, со малку надеж дека централната власт и надлежните во државава ќе имаат слух да им помогнат на овие граѓани кои не по своја вина од пропаднатите фирми останале на улица, принудени се да протестираат за да, како што велат, не бидат заборавени и да се стави крај на нивната долгогодишна агонија.
„Еве ова е изразување на еден револт, за да им кажеме дека нема да мируваме. Следниот понеделник ќе бидеме пред местото на живеење на пратеникот Пачков од ВМРО-ДПМНЕ, за да ни каже зошто гласаше против усвојување на законот. Сите пратеници од владејачката коалиција ги ставија партиските интереси пред интересите на овие работници, кои создаваа и ја градеа оваа држава“, вели Љиљана Ѓорѓиевска и додава дека стечајците ќе протестираат во сите градови во државава, а следуваат протести и пред главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
„Да ги прашаме зошто не се согласуваат да се изгласа предлог- законот за обесштетување и зошто бегаат од нас, не се соочуваат, како што гледате затворено е, значи бегаат од нас затоа што се виновни“, вели таа.
Ѓорѓиевска најавува дека по празниците стечајците ќе постават шатори пред надлежните институции, министерствата за финансии и труд и социјална политика, Владата, но и дека ќе ги известат меѓународните претставници во државава. Според неа, досега не барале помош од нив бидејќи сметале дека ќе бидат обесштетени.
„В среда ќе испратиме писмо до Европскиот парламент за да известиме за геноцид врз овие работници. Кога велам геноцид сосема сум во право, бидејќи според членот 32 од Уставот секој граѓанин мора да биде обесштетен. Ние што создававме и градевме, не по наша волја сме избркани нашите работни места, со години не можеме да ги оствариме своите права.“
Стечајците велат дека не се партиски определени, како што често пати им се припишува.
„Се надеваме. Ние сме за обезбедување егзистенција. Да можеме сметки да платиме за струја, за МТВ. Три пати сум оперирана, не можам ниту на нозе да стојам, а не да работам, ова е срамота, а сум рекла дека доколку дојде некој на врата да бара да платам, со столчиња ќе мавам. Ова е крај, срамно и жално.“
„Се надеваме, ама тешко. Не можеме да работиме, болни сме и јас сум оперирана од карцином, немаме пари да ги платиме сметките, немаме за дома, немаме ништо.“
„Само малку да се сожалат. Секое утро кога некој ќе заѕвони се плашам дека е извршител. Секој ден по еден умира, децата ни плачат.“
„Половина стечајци починаа“, велат стечајците, а Ѓорѓиевска додава дека предлог законот по три месеци повторно ќе биде поднесен и дека тие не се откажуваат од нивното единствено барање за обесштетување и колку-толку надминување на нивниот егзистенцијален проблем.
Еве ова е изразување на еден револт, за да им кажеме дека нема да мируваме. Следниот понеделник ќе бидеме пред местото на живеење на пратеникот Пачков од ВМРО-ДПМНЕ, за да ни каже зошто гласаше против усвојување на законот.Љиљана Ѓорѓиевска, здружение на стечајци УНИТ од Куманово.
„Еве ова е изразување на еден револт, за да им кажеме дека нема да мируваме. Следниот понеделник ќе бидеме пред местото на живеење на пратеникот Пачков од ВМРО-ДПМНЕ, за да ни каже зошто гласаше против усвојување на законот. Сите пратеници од владејачката коалиција ги ставија партиските интереси пред интересите на овие работници, кои создаваа и ја градеа оваа држава“, вели Љиљана Ѓорѓиевска и додава дека стечајците ќе протестираат во сите градови во државава, а следуваат протести и пред главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
В среда ќе испратиме писмо до Европскиот парламент за да известиме за геноцид врз овие работници.Љиљана Ѓорѓиевска, здружение на стечајци УНИТ од Куманово.