Достапни линкови

Случајот Кежаровски во фокусот на неделниот печат


Глобус и Фокус пишуваат за затворањето на новинарот Томислав Кежаровски и за нарушената слобода на медиумите, а Република ги анализира политиките на СДСМ.

Глобус – Случајот на Кежаровски ја потврди диктатурата
Партијата која со случајот Кежаровски потврди дека со диктатура владее со Македонија, своите бројни неуспеси ги мери со рекорди во светски рамки, а стана и европски рекордер.
Глобус.

Партијата која со случајот Кежаровски потврди дека со диктатура владее со Македонија, своите бројни неуспеси ги мери со рекорди во светски рамки, а стана и европски рекордер, почнува колумната Таленти: Прва петолетка во Глобус. Авторот потсетува дека владата освоила пет препораки, едно по друго, за членство во ЕУ без да започнат преговори и со тоа „се остварени недостижен неуспех и достигнување за историјата и за Гинисовата книга на рекорди, што државите кои сакаат да станат членки на Унијата тешко ќе можат да го надминат“. Прославата на првиот јубилеј на оддалечување од ЕУ, ако воопшто има нешто да се слави, помина во обвинување на непопустливите соседи и клетите предавници. Сите се виновни, само Партијата не. А крие и премолчува дека во Извештајот пет пати по ред се набележани едни и исти проблеми - (не)владеење на правото, непочитување на права и слободи, политизација на судството и јавната администрација, неслобода за медиумите, резигнирано пишува колумнистот во Глобус.
Во парламентот се исфрлаат пратеници, ем новинари. Соочувањето на лидерите на најголемите партии, пак, седма година ни е музејска вредност.
Фокус.

Фокус - Пендрек слобода - За ова ли се бореше историското ВМРО?

Инспирирана од „Пендрек слобода - За ова ли се бореше историското ВМРО?“, како што е насловен текстот за „меката“ средба меѓу полициските специјалци и новинарите на протестите за пресудата на новинарот Кежаровски, уводникот на Фокус е насловен: „Бог да ни ја прости демократијата!“ Во парламентот се исфрлаат пратеници, ем новинари. Соочувањето на лидерите на најголемите партии, пак, седма година ни е музејска вредност. И згора на тоа, кога уште премиер, министер за внатрешни и шеф на тајна полиција се силат на суд против лидери на опозициски партии или портпароли, а новинари за текст скапуваат во притвор, тогаш Бог да ни ја прости демократијата! - пишува, покрај другото авторката на уводникот во Фокус.

Република - Патриотизам или евтин популизам

Република е повеќе заинтересирана за проблемот со името и за тоа дали напролет ќе има претседателски и парламентарни избори, со оглед на почнатата предизборна кампања, како што забележува, отколку со случувањата околу колегата Кежаровски. „Патриотизам или евтин популизам“, е насловен уводникот во најновиот број, во кој авторот како да се подбива со изјавата на Зоран Заев за тоа дека за СДСМ е неприфатливо име „горна“ или „северна“. Доколку СДСМ е цврсто решена до крај да ги брани националните интереси, ќе ја има поддршката од Република, ако победи на избори, но треба да знаат дека ако се работи за евтин популизам, како што пишува, тогаш ќе имаат сериозен проблем, не со медиумите, туку со народот кој, без сомневање, ќе знае да ја процени искреноста.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG