Во Македонија одамна е вдомено брзото преминување на политичката пристојност од страна на властите. Стравот лесно се шири во атмосферата на апатија, несигурност, недоверба во институциите на системот, партизираност и сиромаштија и тоа властите не пропуштаат да го искористат. Особено тогаш кога ќе изневерат очекувањата и кога тоа што еуфорично го најавуваат на изборите бидува изненадувачки изјаловено и за самите нив. Методите на лажење и манипулација лесно преминуваат во целосно и директно заплашување. Дали тоа ни се случува со редицата апсења пред очите на јавноста и драконската пресуда за новинарот Кежаровски, анализираат нашите денешни соговорници.
„Загрижувачки е навистина што во секој сегмент се чувствува дека постои еден селективен пристап кога станува збор за одлучување за правата на граѓаните и она што е секако најзагрижувачки е што токму ваквиот начин на функционирање предизвикува чувство на несигурност, но и чувство на страв, поради сите оние драконски мерки и пресуди коишто се продуцираат од страна на власта, а кои на некој начин претставуваат и порака за сите оние кои со своето мислење им се спротивставуваат на нивните политики“, истакнува Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Станува практика како основен облик на заплашување во земјава да гледаме притворања и апсења, посочува професор Здравко Савески.
„Тоа веќе е својствено за земји кои не може да се сметаат за демократски, бидејќи постои само уште едно ниво над тоа ниво, а тоа е вршење на убиства, мотивирани од политички причини“, вели Савески.
Куси разговори со граѓаните говорат за атмосферата.
„Четири ипол години не се суди за убиство, од тоа се гледа дека судството не е независно како што не убедуваат на телевизија.“
„Постои голем страв и за јавна побуна и за јавно кажување, затоа што не се знае кога, што може да се случи.“
„Јас не сум почувствувал такво нешто, ви кажувам дека за тоа може најдобро да си каже само судот.“
„Се плаши човек да каже и во домашна атмосфера, а не па да се прераскажува тоа што новинарите го кажуваат, сега и вицови да кажеш е страшно“, велат анкетираните граѓани.
Нормално е во создадените услови нивото на страв од јавно искажан збор и од учество на јавен собир да биде зголемен, а подготвеноста да се критикува власта да се намали драстично, посочува Савески. Тоа ја поставува сцената за многу негативни сценарија во една земја, вели тој, па затоа и слободата на изразување е толку важно човеково право за секоја демократија. Тоа, пак, дава силни аргументи за категоризирање на земјава во илиберални демократии, додава Савески.
„Илиберални демократии се оние каде што власта победува на избори, значи дека има мнозинска поддршка од граѓаните, но своето владеење го користи на таков начин што ги крши човековите права. Во моментов мислам дека дури и најблага оценка за Македонија е дека таа веќе е илиберална демократија“, вели Савески.
Дури 73 насто од граѓаните никогаш не учествувале на протести, покажува истражувањето што го спроведе Центарот за истражување и креирање политики. На ранг листата на Репортери без граници регистриран е драстичен пад на слободата на изразување во Македонија. Од пристојното 84 место во светот, стрмоглаво се урнавме на 116-то во друштво со некои африкански држави. Медиумскиот избор се сведува во највисок процент на розови вести за некаква розова стварност презентирана по желба, внимателно селектирано и контролирано.
„Граѓаните на Македонија се секогаш склони да си седат настрана и да не ги поддржуваат оние протести со кои тие во принцип се согласуваат“, додава Савески.
Страв за сопствената егзистенција, за егзистенцијата на своите деца, за работното место, големата опфатеност на вработените во јавната и државната администрација, но и постепеното отуѓување од институциите, целосната апатија и големата миграција, аналитичарите ги гледаат како дел од причините за тоа.
Корените на ваквата атмосфера не се така изненадувачки, ниту наивни ниту нелогични, анализира Рамадан Рамадани од институтот за слободна мисла НИСМА. Како прв во редицата го гледа процесот на лустрацијата и неговата исполитизираност и селективност. Тоа, пак, како што анализира, продолжи со затворањето на медиуми преку ноќ, што беше клучно за ново настанатата сеопшта општествена криза.
„Што комбинирано со инертноста и дефетистичката позиција покажана во неколку наврати на опозицијата, пред сè на СДСМ и ДПА, доведе до тоа да биде како во изреката „кадија те тужи, кадија те суди“, што после, со преземање на контролата врз некои судски инстанци коишто не беа сè уште преземени, како што беа Уставниот суд и Републичкиот судски совет, тоа се претвори во една целина каде што веќе се гледа на големо дека државата го јаде општеството и граѓанството“, изјави Рамадани.
На ова секако може да се додаде пропагандната способност на власта, но и неавтентичната и неубедлива политика на отпор од страна на опозицијата. Така поминуваат реклами за наводен економски бум, намалување на невработеноста и сеопшт подем, истовремено додека опозицијата не успева да понуди поинакви аргументи и евентуални алтернативи на пласираните информации, посочува Савески.
„Во таква ситуација на слаба опозиција и пасивизирано граѓанство, власта со своите недемократски импулси го искористи правниот простор за да си земе право да прави некои работи кои се на границата на законитоста и демократичноста или отворено ги кршат и законитоста и демократичноста“, вели Савески.
„Тука секако не би ја ставил само опозицијата во целина како неспособна, туку и целото општество, и Универзитетот е под контрола, и Академијата и големиот број на интелектуалци кои молчат“, додава политичкиот аналитичар Едмонд Адеми.
За него, сето ова е вовед во автократски режим кој сака и де факто контролира сè.
Она што го зголемува стравот е перцепцијата кај граѓаните дека институциите и судовите вршат селективна правда, а провладините медиуми ги осудуваат луѓето уште пред судот да ја изрече пресудата. Во изминатиов период се случуваа повеќе масовни апсења претворани во медиумски спектакли што неминовно го зголемуваат стравот и кај јавноста и кај граѓаните. Сепак, за Сашо Клековски од МЦМС, неприфатливо е сите тие случаи да се ставаат во заеднички кош.
„Не може сите апсења да ги ставиме во ист кош. Треба јавноста да процени во кои случаи станува проблем не само со апликацијата на конкретниот случај, туку со воспоставувањето на судската пракса. Значи, за мене не е прашање вината на Кежаровски, туку дали новинарот може да биде виновен за објавување на информација што некој друг му ја дал, зашто Кежаровски немал таква информација, некој друг му ја дал“, вели Клековски.
Целото општество изразува некаква неспособност да се справи со разликите во мислењата, посочува Клековски. Во овој момент во конкретните случаи најважно е однесувањето на судот и достигнувањето на правдата, вели Клековски.
„И други земји поминувале низ обиди преку обвинителствата да се врши притисок врз јавноста, меѓутоа сега е клучна улогата на судството, од Основниот до Врховниот суд. Значи ние мора како општество да поминеме низ еден процес каде што Правдата мора да биде задоволена, без разлика колку време ќе одземе и на кое ниво ќе се случи тоа“, вели Клековски.
Денеска во Македонија е важно да се биде граѓанин. Но малкумина имаат сила или свест за тоа. Опозицискиот фронт, кој кога беше на власт ги претвораше граѓаните во безгласни учесници на општествената стварност и демократија, сега од нив бараат свесни чинители и поддржувачи кои ќе помогнат во справувањето со режимот. Но, се покажува дека го имаат изгубено авторитетот кој во разни обиди не успеваат да го вратат. Невладините организации се чувствуваат немоќни со својата работа да поттикнат промена на процесите. Уранија Пировска вели дека Хелсиншкиот комитет се става во целосна заштита на граѓаните и се обидува да им помогне во достигнувањето на правдата.
„Не мислам дека може ништо ние, конкретно за Комитетот зборувам, да направи нешто повеќе од она што го прави, со оглед на тоа што Комитетот не само што пружа бесплатна правна помош за граѓаните, постојано излегува со своите критички ставови по однос на тоа што се случува, сите случаи коишто имаат политичка заднина се под еден постојан мониторинг од страна на Хелсиншкиот комитет“, вели таа.
Но, како што додава Пировска, забележливо е дека кај граѓаните свеста е на многу ниско ниво развиена за да може да делуваат поактивно за своите интереси и да сменат нешто.
„Проблемот е во тоа што многу малку организации и многу малку индивидуи останаа доследни на она што го мислат и да речам храбри тоа да го искажат во јавност. Мислам дека најголемиот проблем е што не постои критичка маса којашто би можела на некој начин, со своите активности, со своите реакции на сево ова што се случува, да сменат нешто“, вели таа.
Исто така загрижува и несогласувањето на властите на предупредувањата и критиките од домашните и странските институции и организации, додава Пировска, што во овој момент ги остава без одговор и нив како граѓанска организација која се бори за правата на граѓаните. Клековски, пак, не се согласува со тоа дека во македонското општество денеска е возможно да се затвори целосно медиумскиот простор и јавноста бидејќи постојат постојано нови можности кои нудат нов простор да се искаже некаков став.
„Ние сме сега во едно сосема ново време, каде што секој граѓанин е новинар и секој граѓанин е медиум. Секој може да отвори Фејсбук страна, секој може да отвори Твитер акаунт, секој може да отвори блог, така што мислам дека неможноста да се изразиме може да биде само самоцензура, а не е дека ние немаме други можности да се искажеме, меѓутоа и во класичните медиуми еве гледаме дека се прават постојани обиди за излегување на нови и нови медиуми“, вели Клековски.
Притисоците врз медиумите траат веќе подолго време, посочува Клековски и преку финансирањето на медиумите и преку тужбите за клевети. Тоа и не е така нова состојба и нова атмосфера во земјава. Од друга страна, како што додава Клековски, дали некој ќе биде заплашен, зависи од автоцензурата, значи од самите луѓе. Отпорот кон новинарите да го одржат својот протест може, како што вели, да имаат и обратни процеси, да го зајакнат отпорот против ваквите практики преку протести наместо да замолчат и оттаму проценува и дека тој вид на реагирање расте.
„Еве, во случајот на Томислав Кежаровски притисокот од јавноста понатаму расте. Формирањето на Иницијативниот одбор за ослободување на Томислав Кежаровски од разнолични структури за мене е токму знак на јакнење на јавниот притисок“, вели Клековски.
Генерално многу е сложен медиумскиот пејзаж во една мала развиена земја како што е Македонија, каде забележуваме недостиг на независно новинарство и дека многу медиумски куќи припаѓаат на една или друга партија и кои вистински не набљудуваат што се случува во политиката и општеството и немаат независно мислење за тоа, туку само ги презентираат интересите на една или друга група, а независното новинарство е суштинско за развој на живо граѓанско општество, изјави неодамна Улрике Груска од германскиот оддел на Репортери без граници.
На крајот, како што вели таа, прашањето се сведува на храброста и ентузијазмот на секој новинар поединечно. Се чини кај многумина во Македонија е изгубен голем дел од кондицијата на демократската свест и постепено почнуваме да живееме демократија без демократи.
Тоа веќе е својствено за земји кои не може да се сметаат за демократски, бидејќи постои само уште едно ниво над тоа ниво, а тоа е вршење на убиства, мотивирани од политички причини.Здравко Савески, универзитетски професор.
„Загрижувачки е навистина што во секој сегмент се чувствува дека постои еден селективен пристап кога станува збор за одлучување за правата на граѓаните и она што е секако најзагрижувачки е што токму ваквиот начин на функционирање предизвикува чувство на несигурност, но и чувство на страв, поради сите оние драконски мерки и пресуди коишто се продуцираат од страна на власта, а кои на некој начин претставуваат и порака за сите оние кои со своето мислење им се спротивставуваат на нивните политики“, истакнува Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Станува практика како основен облик на заплашување во земјава да гледаме притворања и апсења, посочува професор Здравко Савески.
„Тоа веќе е својствено за земји кои не може да се сметаат за демократски, бидејќи постои само уште едно ниво над тоа ниво, а тоа е вршење на убиства, мотивирани од политички причини“, вели Савески.
Куси разговори со граѓаните говорат за атмосферата.
Се плаши човек да каже и во домашна атмосфера, а не па да се прераскажува тоа што новинарите го кажуваат, сега и вицови да кажеш е страшно.Анкетирана граѓанка на Скопје.
„Четири ипол години не се суди за убиство, од тоа се гледа дека судството не е независно како што не убедуваат на телевизија.“
„Постои голем страв и за јавна побуна и за јавно кажување, затоа што не се знае кога, што може да се случи.“
„Јас не сум почувствувал такво нешто, ви кажувам дека за тоа може најдобро да си каже само судот.“
Инертноста и дефетистичката позиција покажана во неколку наврати на опозицијата, пред сè на СДСМ и ДПА, доведе до тоа да биде како во изреката „кадија те тужи, кадија те суди“.Рамадан Рамадани, Институтот за слободна мисла НИСМА.
„Се плаши човек да каже и во домашна атмосфера, а не па да се прераскажува тоа што новинарите го кажуваат, сега и вицови да кажеш е страшно“, велат анкетираните граѓани.
Нормално е во создадените услови нивото на страв од јавно искажан збор и од учество на јавен собир да биде зголемен, а подготвеноста да се критикува власта да се намали драстично, посочува Савески. Тоа ја поставува сцената за многу негативни сценарија во една земја, вели тој, па затоа и слободата на изразување е толку важно човеково право за секоја демократија. Тоа, пак, дава силни аргументи за категоризирање на земјава во илиберални демократии, додава Савески.
„Илиберални демократии се оние каде што власта победува на избори, значи дека има мнозинска поддршка од граѓаните, но своето владеење го користи на таков начин што ги крши човековите права. Во моментов мислам дека дури и најблага оценка за Македонија е дека таа веќе е илиберална демократија“, вели Савески.
Дури 73 насто од граѓаните никогаш не учествувале на протести, покажува истражувањето што го спроведе Центарот за истражување и креирање политики. На ранг листата на Репортери без граници регистриран е драстичен пад на слободата на изразување во Македонија. Од пристојното 84 место во светот, стрмоглаво се урнавме на 116-то во друштво со некои африкански држави. Медиумскиот избор се сведува во највисок процент на розови вести за некаква розова стварност презентирана по желба, внимателно селектирано и контролирано.
Тука секако не би ја ставил само опозицијата во целина како неспособна, туку и целото општество, и Универзитетот е под контрола, и Академијата и големиот број на интелектуалци кои молчат.Едмонд Адеми, политички аналитичар.
„Граѓаните на Македонија се секогаш склони да си седат настрана и да не ги поддржуваат оние протести со кои тие во принцип се согласуваат“, додава Савески.
Страв за сопствената егзистенција, за егзистенцијата на своите деца, за работното место, големата опфатеност на вработените во јавната и државната администрација, но и постепеното отуѓување од институциите, целосната апатија и големата миграција, аналитичарите ги гледаат како дел од причините за тоа.
За мене не е прашање вината на Кежаровски, туку дали новинарот може да биде виновен за објавување на информација што некој друг му ја дал, зашто Кежаровски немал таква информација, некој друг му ја дал.Сашо Клековски, политички аналитичар.
Корените на ваквата атмосфера не се така изненадувачки, ниту наивни ниту нелогични, анализира Рамадан Рамадани од институтот за слободна мисла НИСМА. Како прв во редицата го гледа процесот на лустрацијата и неговата исполитизираност и селективност. Тоа, пак, како што анализира, продолжи со затворањето на медиуми преку ноќ, што беше клучно за ново настанатата сеопшта општествена криза.
„Што комбинирано со инертноста и дефетистичката позиција покажана во неколку наврати на опозицијата, пред сè на СДСМ и ДПА, доведе до тоа да биде како во изреката „кадија те тужи, кадија те суди“, што после, со преземање на контролата врз некои судски инстанци коишто не беа сè уште преземени, како што беа Уставниот суд и Републичкиот судски совет, тоа се претвори во една целина каде што веќе се гледа на големо дека државата го јаде општеството и граѓанството“, изјави Рамадани.
На ова секако може да се додаде пропагандната способност на власта, но и неавтентичната и неубедлива политика на отпор од страна на опозицијата. Така поминуваат реклами за наводен економски бум, намалување на невработеноста и сеопшт подем, истовремено додека опозицијата не успева да понуди поинакви аргументи и евентуални алтернативи на пласираните информации, посочува Савески.
„Во таква ситуација на слаба опозиција и пасивизирано граѓанство, власта со своите недемократски импулси го искористи правниот простор за да си земе право да прави некои работи кои се на границата на законитоста и демократичноста или отворено ги кршат и законитоста и демократичноста“, вели Савески.
„Тука секако не би ја ставил само опозицијата во целина како неспособна, туку и целото општество, и Универзитетот е под контрола, и Академијата и големиот број на интелектуалци кои молчат“, додава политичкиот аналитичар Едмонд Адеми.
За него, сето ова е вовед во автократски режим кој сака и де факто контролира сè.
Она што го зголемува стравот е перцепцијата кај граѓаните дека институциите и судовите вршат селективна правда, а провладините медиуми ги осудуваат луѓето уште пред судот да ја изрече пресудата. Во изминатиов период се случуваа повеќе масовни апсења претворани во медиумски спектакли што неминовно го зголемуваат стравот и кај јавноста и кај граѓаните. Сепак, за Сашо Клековски од МЦМС, неприфатливо е сите тие случаи да се ставаат во заеднички кош.
Проблемот е во тоа што многу малку организации и многу малку индивидуи останаа доследни на она што го мислат и да речам храбри тоа да го искажат во јавност. Мислам дека најголемиот проблем е што не постои критичка маса којашто би можела на некој начин, со своите активности, со своите реакции на сево ова што се случува, да сменат нешто.Уранија Пировска, Хелсиншки комитет на Македонија.