Достапни линкови

Аболиција за Кежаровски, комисија за новинарскиот протест


СДСМ: Кој нареди полициска интервенција?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00
Директен линк

СДСМ: Кој нареди полициска интервенција?

ЗНМ бара премиерот да помогне за аболиција на осудениот новинар Томислав Кежаровски, а СДСМ бара анкетна комисија да утврди кој во МВР даде налог да се спречи вчерашниот новинарски протест.

Премиерот да помогне за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски, бара Здружението на новинари на Македонија, а седница на Постојаната анкетна комисија за човекови права на која би се расправало за спречувањето на вчерашниот протест на новинарите, побара опозицискиот СДСМ.
Ако владата не реагира брзо на ова барање, постои опасност Македонија да биде обележана како црна овца во Југоисточна Европа, како земја во која се осудуваат новинари поради објавување на нивните истражувачки стории.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

ЗНМ денеска писмено побара премиерот Никола Груевски да го постави прашањето за аболиција на Кежаровски на дневен ред на една од наредните седници на владата, побара денеска Здружението на новинари. Откако го достави писменото барање во владата, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека здружението смета оти Кежаровски е невин и дека неговото затворање сериозно го нарушува угледот на Македонија во светот.

„Ако владата не реагира брзо на ова барање, постои опасност Македонија да биде обележана како црна овца во Југоисточна Европа, како земја во која се осудуваат новинари поради објавување на нивните истражувачки стории. Сега сè е во рацете на премиерот Груевски, кој реално може да го искористи неговиот неспорен авторитет во владата и да му наложи на министерот за правда Блерим Беџети да ја покрене постапката за аболиција на Кежаровски кај претседателот Ѓорге Иванов. Се надеваме дека премиерот Груевски нема да ја испушти оваа можност и да покаже пред светот дека македонската влада води сметка за слободата на изразување и дека реагира на загриженоста на нашите партнери од светот“, вели Селмани.
Со специјалци против мирен протест
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00
Директен линк
Во меѓувреме, пратеничката група на СДСМ, која во Собранието се појави со маички на кои пишува „Слобода за Кежо“, побара од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да ја прекине собраниската седница и веднаш да побара итна седница на Постојаната анкетна комисија за човекови права. Да се разговара за вашите партиско-полициски методи против новинарите, опозиционерите и сите луѓе што не мислат како вас, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски.
Бараме од вас да свикате Постојана анкетна комисија за да се провери кој во МВР даде налог да се спречи протестот и зошто е дозволено некој да протестира, а на некого тоа исто право да му биде забрането.
Игор Ивановски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

„Бараме од вас да свикате Постојана анкетна комисија за да се провери кој во МВР даде налог да се спречи протестот и зошто е дозволено некој да протестира, а на некого тоа исто право да му биде забрането и вие тоа како претседател имате право и можност да го направите“, вели Ивановски.

Вељаноски, повикувајќи се на Деловникот, одговори дека за закажување на седница на Постојаната анкетна комисија е надлежен претседателот на комисијата, пратеникот Беким Фазлиу од ДПА и оти тој не може да му се меша и да му наложува.

„Ако мислите дека тој не сака, согласно Деловникот, една третина од членовите на Комисија бараат од него да закаже седница. Ако одбие, тогаш може да се обратите до мене, тогаш можам врз основа на Деловникот да одредам еден од пратениците да ја води седницата“, одговори Вељаноски.

Незадоволен од одговорот, Ивановски побара еден час пауза, а по паузата, седницата продолжи.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG