Скандалозно и срамно е соопштението на Oсновниот Суд 1 по вчерашните реакции на домашните и странските новинарски организации за пресудата со која Томислав Кежаровски е осуден на 4, 5 години казна затвор вели Жанета Трајковска од Високата школа за новинарство и иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски.
Судот смета дека со, како што се вели во соопштението, „неоснованите реакции“ се прави обид во јавноста да се прикаже дека судот применува драконски мерки. Трајковска вели дека, народски кажано, судот ги помешал лончињата.
„Бидејќи сега излегува дека судот е борец за правата на слободата на изразување и човекови права, а сите ние други домашни и меѓународни организации, а богами вчера имаше лавина на реакции, сме оние кои ги напаѓаат слободата, јавно изразениот збор и слободата на здружување: Скандалозно е дека судот го пренебрегнува фактот дека е донесена судска пресуда во прва инстанца и дека имаат право на жалба и можно е како и во случајот Ореше, нели, Апелациониот суд да ја поништи одлуката на Основниот суд 1, па тие сега веројатно се во улога и на кадија и на џелат и на оној кој ќе ја реши судбината не само на Кежаровски туку и на другите осудени.“
Судот смета дека Кежаровски го злоупотребил новинарското перо во функција на одредени интереси под превезот на јавниот интерес. Во нивната реакција е наведено дека оваа пресуда не треба да се претставува страв за вршење на професијата, туку да предизвика сериозна загриженост кај новинарската фела за нивото на едуцираност на поедини новинари за законските прописи од аспект на сериозноста на фактите за кои известуваат наспроти во конкретниот случај злоупотребата на новинарското перо во функција на одредени интереси под превезот на јавниот интерес. Во продолжение на соопштението Судот се прашува: кој му го дал на новинарот правото по субјективна оценка да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведуваат законите воделе постапка.
Трајковска вели дека судот очигледно не ја познава добро европската пракса, односно не секогаш и ретко кога јавниот интерес е помал од интересот на откривање на заштитен или загрозен сведок, а да не зборуваме за ситуацијата кога овој таканаречен загрозен сведок сам излегува и кажува јавно дека бил заштитен под присила на некои сили во полицијата.
„ Јас би им посоветувала како тие што ги советуваат на новинарите да се едуцираат, јас најдобро намерно би ги советувала да ја прочитаат судската пракса од Стразбур, затоа што ова е срамота не само за Основниот суд 1, оваа реакција е срамота за сите од Р. Македонија.“
Директорката на Хелсиншки комитет во Македонија Уранија Пировска вели дека пресудата за Кежаросвки ќе влијае негативно по однос на демократските принципи и на внатрешен и на надворешен план.
„Навистина постои опасност во Македонија да настапи медиумски молк, односно оваа окупација на медиумскиот простор да стане позасилена.“
Утре ќе биде одржан протест во црно во знак на револт за заробената медиумска слобода. Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски најави протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје. Од одборот велат дека целта на протестот е да се одбележи борбата за слобода и во нејзино име да се изрази несогласување со затворската казна од 4,5 години за која вчера му беше изречена на Кежаровски.
„Но од друга страна да оддадеме почит за заробената медиумска слободат, заробената слобода на јавно искажаниот збор, на новинарската слобода па затоа утре ќе имаме молк и сите ќе бидеме облечени во црно. Се знае што значи кога луѓето се облекуваат во црно, дека е време за жалење по изгубената медиумска слобода.“
Бидејќи сега излегува дека судот е борец за правата на слободата на изразување и човекови права, а сите ние други домашни и меѓународни организации сме оние кои ги напаѓаат слободата, јавно изразениот збор и слободата на здружување.Жанета Трајковска, Иницијативен одбор за ослободување на Кежаровски.
Судот смета дека со, како што се вели во соопштението, „неоснованите реакции“ се прави обид во јавноста да се прикаже дека судот применува драконски мерки. Трајковска вели дека, народски кажано, судот ги помешал лончињата.
„Бидејќи сега излегува дека судот е борец за правата на слободата на изразување и човекови права, а сите ние други домашни и меѓународни организации, а богами вчера имаше лавина на реакции, сме оние кои ги напаѓаат слободата, јавно изразениот збор и слободата на здружување: Скандалозно е дека судот го пренебрегнува фактот дека е донесена судска пресуда во прва инстанца и дека имаат право на жалба и можно е како и во случајот Ореше, нели, Апелациониот суд да ја поништи одлуката на Основниот суд 1, па тие сега веројатно се во улога и на кадија и на џелат и на оној кој ќе ја реши судбината не само на Кежаровски туку и на другите осудени.“
Навистина постои опасност во Македонија да настапи медиумски молк, односно оваа окупација на медиумскиот простор да стане позасилена.Уранија Пировска, Директорка на Хелсиншки комитет во Македонија.