Власта не реагира на предупредувањата на јавноста, на домашните и странските експерти, како ни на јасните објаснувања од страна на Европскиот суд за човекови права за тоа што значи лишување од слобода, на кој начин се прави тоа и кои се стандардите кои би требало да бидат исполнети за да не биде спротивно на концептот за човекови права и слободи, посочува професор Мирјана Најчевска во врска со последните апсења кои беа изведени пред очите на јавноста.
„Ова е само еден елемент од еден комплексен пристап на оваа власт, а тоа е заплашување.“
Она што уште е проблематично во полициските акции е тоа што тие многу лесно можат да се поврзат со одредена политичка конотација, но и не повлекуваат одговорност на надлежните органи за постапките, вели Најчевска.
Спектакуларните апсења се особено проблематични во нашава држава и тие на некој начин задираат во темелните вредности на уставниот поредок, вели професор Осман Кадриу.
„Спектакуларните апсења не се одлика на нашиот правен систем, на нашиот политички систем, дотолку повеќе што за таквите лица секогаш може да се води сметка дека ги штити едно важно уставно начело, а тоа е начелото на презумпција на невиност, а тоа значи дека се додека не се утврди со правосилна судска одлука дека се виновни, како такви не смеат да се третираат, а уште повеќе не смеат да се применуваат такви мерки за апсења спектакуларни, како да се снима филм во Тексас.“
Монтираните процеси и селективноста исто така се криминал и го нарушуваат владеењето на правото и правниот поредок, посочува Кадриу. Она што е неопходно, според него, е да се преиспита надлежноста и евентуалните злоупотреби и пречекорувања од страна на органите кои ги спроведуваат постапките, посочува Кадриу.
„Во сите оние случаи кога овие две појави се појавуваат во органите, посебно во виталните органи на државата кои се за заштита на јавниот поредок, на уставниот поредок, а се појавуваат појавите на злоупотреба на нивната должност или пречекорувања, тогаш секогаш ќе зборуваме за овие резултати, за жал, негативни резултати што сега ги имаме околу безбедноста на луѓето, правна сигурност на луѓето, да стравуваат“, изјави Кадриу посочувајќи дека Македонија според уставот е демократска земја.
Ова е само еден елемент од еден комплексен пристап на оваа власт, а тоа е заплашување.Мирјана Најчевска, универзитетски професор.
„Ова е само еден елемент од еден комплексен пристап на оваа власт, а тоа е заплашување.“
Она што уште е проблематично во полициските акции е тоа што тие многу лесно можат да се поврзат со одредена политичка конотација, но и не повлекуваат одговорност на надлежните органи за постапките, вели Најчевска.
Спектакуларните апсења се особено проблематични во нашава држава и тие на некој начин задираат во темелните вредности на уставниот поредок, вели професор Осман Кадриу.
Не смеат да се применуваат такви мерки за апсења спектакуларни, како да се снима филм во Тексас.Осман Кадриу, универзитетски професор.