Достапни линкови

„Шпион“ - Политика, бизнис и порно ленти


Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.
Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.

За момент, почитувани, заборавете, на неплатените сметки, на тоа дека сте без работа или дека стравувате оти ке ја изгубите работа и така натаму... Седнете пред ТВ или компјутер и забавувајте се? А оние работи како пресумција на невиноста, одамна некому ништо не му значат. Важни се ефектите, драматиката, сензационализмот, велат експертите

Осомничените од Шпион оддавале тајни на соседна држава, уценувале познати бизнисмени, кај еден од нив е пронајдена богата збирка на порнографски содржини и што ли уште не. Првата шпионска афера во државава ги задоволува вкусовите на сите љубопитни и за оние кои се по политиката и за оние кои се по бизнисот, а богами и за оние кои се по сексот. Па се објавуваат видеа од апсењата како на филм, се објавуваат слики на кои има сè, од семејни фотографии, до икони, сметки за вода, лекови.
Првин практиката на драматични, „спектакуларни“ апсења, во некакви чудни времиња, пред членови на семејство, пред ТВ камери, обелоденување на имињата на осомничените, за кои, да потсетам, ја имаат презумпцијата на невиност сè додека не биде докажана нивната вина, сето тоа покажува еден континуитет, една практика која верувам дека се прави со желба кај јавноста да се остави силен ефект.
Билјана Ванковска, универзитетски професор.

Искуството од дејствувањето на МВР покажува дека од секое кривично дело, од секој случај од кој се сака да се направи некаква драма, некаква приказна, се оди на големи ѕвона, вели професор Билјана Ванковска.

„Првин практиката на драматични, „спектакуларни“ апсења, во некакви чудни времиња, пред членови на семејство, пред ТВ камери, обелоденување на имињата на осомничените, за кои, да потсетам, ја имаат презумпцијата на невиност сè додека не биде докажана нивната вина, сето тоа покажува еден континуитет, една практика која верувам дека се прави со желба кај јавноста да се остави силен ефект“, вели Ванковска.

Таа додава дека не станува збор за постапка за самото дело, оти честопати имало спектакуларни апсења за кои подоцна изостанала казна или докажување на вината. Но случајот Шпион е помалку чуден, вели професор Ванковска.

„Македонија е толку мала земја, за која се прашувате какви тајни има за да бидеме предмет на интерес на странски служби кои би замешале толку луѓе за шпионажа. Јас не велам дека странските безбедносни служби не работат, меѓутоа, од друга страна, ние сме толку транспарентни во своите слабости и во своите препирки, така што не гледам зошто луѓе би се ангажирале на ваков начин“, вели Ванковска.
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:30 0:00
Директен линк
Во очекување на извештајот на ЕК за напредокот во интеграциите на Македонија, додека се чека да се види како политичарите ќе го спроведуваат договорот за 24 декември, во време кога Македонија има спорови со речиси сите соседи, а сиромаштија и невработеноста и понатаму се високи, кога Нимиц не носи ништо ново и кога доаѓаат информации дека сè повеќе млади се иселуваат од земјата, аферата Шпион носи забава за сите.
Осомнилените од „Шпион“ изведени пред истражен суд.
Осомнилените од „Шпион“ изведени пред истражен суд.

Мислам дека на некој начин луѓето се презаситени од ваквите акробации на власта. Сметам дека ова е недостиг на идеи, недостиг на прогресивни стремежи, недостиг на јасна визија за граѓанските перспективи на народот во Македонија.
Хасан Јашари, социолог.

Социологот Хасан Јашари вели дека, по непотребната афера со Косово, новата афера Шпион ги прави луѓето збунети, затоа што не можат да најдат соодветен одговор на работите.

„Мислам дека на некој начин луѓето се презаситени од ваквите акробации на власта. Сметам дека ова е недостиг на идеи, недостиг на прогресивни стремежи, недостиг на јасна визија за граѓанските перспективи на народот во Македонија“, вели Јашари.

Но што покажуваат искуствата од странство. Големите шпионски афери се повеќе прашање за едно историско минато.

„Во оваа постмодерно време, тоа повеќе е приказна за филмовите со Џејмс Бонд. Република Македонија не располага со никакви нуклеарни програми, ниту е од некакво големо значење за некакви големи светски сили за тука да се зборува за шпионажа. Веројатно има луѓе кои соработуваат со тајни служби за материјален надомест, но тоа верувам дека тешко може да се подведе под едно вакво тешко кривично дело“, вели Ванковска.

Последново дело е уште еден пример за непочитување на презумпцијата не невиност, треба да се биде внимателен и во однос на квалитетот на доказите, повеќе ова води кон една дисквалификација на личности и во атмосферата која владее во Македонија, ова го сметам како израз на општо, генерално застрашување на јавноста, додава таа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG