Уште една тура приведени во полициска акција, добија 30-дневен притвор. Шеснаесетмина осомничени во акцијата „Шпион“ добија мерка притвор во траење од 30 дена. Истражниот судија, на еден од приведените му одреди домашен притвор поради неговата здравствена состојба.
Таквата одлука на истражниот судија не е изненадување со оглед на тоа што во изминатава година речиси сите притворени лица по барање на обвинителството добија притвор. Обвинетите од судскиот процес „Ликвидација“ веќе четири месеци се во притвор. Пет месеци во затвор поминуваат и обвинетите од Фаланга 2. Слично поминуваа и обвинетите од Змиско око, Метастаза, Калдрма, Пајажина... Според досегашната пракса, во просек, времетраењето на притворот почнува со 30 дена, па се продолжува секој месец до најмалку половина година.
Експертите предупредуваат дека притворот во Македонија веќе не е мерка туку казна.
Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека во изминатиов период не се испитуваат доволно основите за определување на мерка притвор туку веднаш се одредува затворски притвор. Тој објаснува дека механизмите како што се куќен притвор, јавување во определено време во судот или приложување гаранција за бранење од слобода се мерки коишто истражните судии речиси и не ги користат.
„При определување на мерката притвор, решението со кое се определува мерката, а го издава истражниот судија, е буквално по урнек правено, тоа се препишани текстови од закон каде што нема објаснето зашто конкретниот обвинет треба да биде во притвор. Ако прочитате неколку решенија и во нив ги нема имињата и презимињата на обвинетите, вие ќе сфатите дека е буквално препишан текст, нема да знаете за кој предмет се однесува решението“, вели Давидовиќ.
Тој додава дека во неговото досегашно искуство, речиси никогаш не успеала жалбата против првото решение за притвор издадено од истражниот судија.
Според анализите на Хелсиншки комитет, бројот на притворени во изминативе години е драстично зголемен, односно во 9 од 10 случаи судиите го одобруваат барањето на обвинителот за одредување мерка притвор. Директорката на Комитетот, Уранија Пировска, вели дека за прв пат годинава судот работеше со полна пареа и во летниот период поради големиот број на притворски предмети. Како пример за неправилно постапување, Пировска го споменува случајот на притворениот новинар Томислав Кежаровски кој побара да се брани од слобода, а како гаранција понуди имот.
„При определувањето на мерката притвор постапил во спротивно со европската конвенција за човекови права и со праксата на Европскиот суд за човекови права, бидејќи во тој случај судот одлучуваше колективно за притворот што е недозволиво и при тоа судот не даде јасна и конкретна аргументација зошто токму мерката притвор“, вели Пировска.
Рекордери се браќата Миладинови кои за случајот „Изгрев“ поминаа 29 месеци во притвор по што добија ослободителна пресуда.
Меѓународните организации кои се занимаваат со превенција од тортура, неколку пати до сега укажуваат на тоа дека недоволно се наведуваат причини зошто судиите се одлучуваат на мерка притвор и дека во казнено поправните установи постои пренатрупаност.
При определување на мерката притвор, решението со кое се определува мерката, а го издава истражниот судија, е буквално по урнек правено, тоа се препишани текстови од закон каде што нема објаснето зашто конкретниот обвинет треба да биде во притвор. Ако прочитате неколку решенија и во нив ги нема имињата и презимињата на обвинетите, вие ќе сфатите дека е буквално препишан текст, нема да знаете за кој предмет се однесува решението.Звонко Давидовиќ, адвокат.
Таквата одлука на истражниот судија не е изненадување со оглед на тоа што во изминатава година речиси сите притворени лица по барање на обвинителството добија притвор. Обвинетите од судскиот процес „Ликвидација“ веќе четири месеци се во притвор. Пет месеци во затвор поминуваат и обвинетите од Фаланга 2. Слично поминуваа и обвинетите од Змиско око, Метастаза, Калдрма, Пајажина... Според досегашната пракса, во просек, времетраењето на притворот почнува со 30 дена, па се продолжува секој месец до најмалку половина година.
Експертите предупредуваат дека притворот во Македонија веќе не е мерка туку казна.
Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека во изминатиов период не се испитуваат доволно основите за определување на мерка притвор туку веднаш се одредува затворски притвор. Тој објаснува дека механизмите како што се куќен притвор, јавување во определено време во судот или приложување гаранција за бранење од слобода се мерки коишто истражните судии речиси и не ги користат.
При определувањето на мерката притвор постапил во спротивно со европската конвенција за човекови права и со праксата на Европскиот суд за човекови права, бидејќи во тој случај судот одлучуваше колективно за притворот што е недозволиво и при тоа судот не даде јасна и конкретна аргументација зошто токму мерката притвор.Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет на Македонија.