Достапни линкови

Колку голем е „Шпион“?


Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.
Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Шпионажата како кривично дело за прв пат се појавува во 22 години независност на Македонија, иако неколкупати досега многу јавни личности и политичари во јавноста изнесуваа државни тајни и строго доверливи информации, вели поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров.

Оддавање на информации со назнака доверливо, строго доверливо или државна тајна, обезбедување на информации за лица од јавниот живот или бизнис заедницата на незаконит начин со кои би можеле да им нанесат штета на нивниот углед, изнудување пари под уцена дека ќе ги објават информациите во медиумите, овие се делата за кои МВР ги сомничи приведените во последната акција Шпион.
Едниот е токму со инфилтрирање на свој соработник во самите институции, кој од таму ги црпе информациите и на еден од многуте разузнавачки начини ги предава на разузнавачката служба која го ангажирала. И вториот начин е денеска во 21 век сите информации се креираат, се препраќаат, се доставуваат во електронска форма, значи самото тоа изготвување во службата ако го крстиме со точка А, до примателот кој го крстиме со точка Б, апсолутно може на електронски начин да биде хакерски одземено и спречено да дојде до втората точка.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор и поранешен разузнавач.

Шпионажата како кривично дело за прв пат се појавува во 22 години независност на Македонија, иако неколкупати досега многу јавни личности и политичари во јавноста изнесуваа државни тајни и строго доверливи информации, вели поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров.

„Нападот секогаш се интересите на државата, значи државните интереси и од друга страна оној кој го извршува кривичното дело логично е да има директен или индиректен пристап до информации кои претставуваат државна тајна или некој степен на тајност кои државата нормално ги штити од одлевање кон други разузнавачки служби.“

Пивоваров појаснува дека е вообичаено сите служби за разузнавање и контраразузнавање да соработуваат со странските служби преку отворени договори за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал и слично. Пивоваров објаснува дека во конкретна ситуација кога се има цел на интерес, постојат два начини на кои информациите може да
Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.
Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.
стигнат до одредена странска служба.

„Едниот е токму со инфилтрирање на свој соработник во самите институции, кој од таму ги црпе информациите и на еден од многуте разузнавачки начини ги предава на разузнавачката служба која го ангажирала. И вториот начин е денеска во 21 век сите информации се креираат, се препраќаат, се доставуваат во електронска форма, значи самото тоа изготвување во службата ако го
Тој што државната тајна прво ќе ја соопшти, второ ќе ја предаде или ќе ја стори достапна на странска држава, на странска организација или на лица на кои им служи се вели дека ќе се казни со казна затвор од најмалку 3 години.
Осман Кадриу, универзитетски професор.
крстиме со точка А, до примателот кој го крстиме со точка Б, апсолутно може на електронски начин да биде хакерски одземено и спречено да дојде до втората точка, односно таквата информација која треба да стаса до одредена званична личност, стасува до друга разузнавачка служба.

Професорот Осман Кадриу посочува дека овој облик на кривично дело е многу сериозен, особено кога се оддаваат државните тајни. Казните се движат од една до десет години, вели Кадруи.

„Тој што државната тајна прво ќе ја соопшти, второ ќе ја предаде или ќе ја стори достапна на странска држава, на странска организација или на лица на кои им служи се вели дека ќе се казни со казна затвор од најмалку 3 години.“

Во интерес на истрагата, правниците се воздржуваат од натамошни коментари, додека трае истрагата и судската постапка.

Инаку, кривичниот закон ја дефинира шпионажата во три облици, основно дело шпионажа, создавање или раководење на разузнавачка служба и работа за странска разузнавачка служба. Како потежок облик се смета извршување на шпионажа за време на војна или непосредна воена опасност или ако предизвикале тешки последици за безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија и казната затвор е најмалку 5 години.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG