Достапни линкови

Премногу јавен „Шпион“


Што мислат граѓаните за акцијата „Шпион“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:40 0:00

Што мислат граѓаните за акцијата „Шпион“

Постапката за првата шпионска афера заради деликатноста се одвива во тајност, но јавноста не остана покуса за ништо.

Пренагласена транспарентност, театар на отворено, замајување на јавноста ќе речат дел од граѓаните за аферата Шпион, која со сензационалистички информации ги полни програмите на македонските медиуми. Други пак веруваат дека има шпиони, а голем дел не сакаат ни да коментираат, велејќи дека политика не ги интересира.
Тоа е театар на отворено, мене така ми личи, многу работи треба да си поминат, но без таква пренагласена транспарентност, без пренагласена.
Анкетиран граѓанин.

„Тоа е театар на отворено, мене така ми личи, многу работи треба да си поминат, но без таква пренагласена транспарентност, без пренагласена.“

„На оваа сиромаштија и скапотија што сега ја има, наместо да се гледа луѓето да се упатат во нешто друго, да работат, ние се замајуваме со вакви работи.“
Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.
Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.

„Секаде има шпиони, па така и кај нас.“

„Не знам, навистина не знам, вака испаѓа дека сите сме шпиони.“

„Не верувам дека има пиони, се е наместено.“

„Не ме интересира тоа воопшто, ниту гледам тоа, ниту разбирам.“
Секаде има шпиони, па така и кај нас.
Анкетиран граѓанин.

Постапката за првата шпионска афера заради деликатноста се одвива во тајност, судот постапува по случајот без присуство на медиумите и јавноста. Но јавноста не остана покуса за ништо, од имиња на приведените, до видеа од апсењата, фотографии од
доказните материјали, по некој сочен детал за некој од оние кои се осомничени дека одавале тајни за странски држави.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека спектакуларните акции веќе станува начин на работа на оваа власт. Кога има еден и друг проблем, се прави трет за да се заборават првите два, без притоа да се размисли која е штетата што се прави, додава Демири.
Власта селективно им приоѓа на решавање на проблемите, а сето тоа се прави да се прикријат другите витални проблеми.
Алајдин Демири, политички аналитичар.

„Меѓутоа тоа не ја интересира оваа власт, ги интересираат добитните поени, кога што ќе направи, што значи дека власта селективно им приоѓа на решавање на проблемите, а сето тоа се прави да се прикријат другите витални проблеми. Според мене после ова ќе има нешто посериозно, ќе има една посериозна криза од различна димензија, не можам да предвидам која, но можам да предвидам дека нешто тешко не чека.“

Демири вели дека политичарите сфатиле дека начинот на работа „им пали“ кај народот, а луѓето веќе се навикнал на ваквите акции.

„Овие политички партии, особено власта, укажува дека тој начин е поефикасен, дека така треба да се работи, дека треба да се задоволуваат политичките потреби, така и со ваквите акции, остануваат дел од нашето секојдневие кое го прифаќаме.“
Ова е прв случај во Македонија во кој има осомничени за шпионажа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG