Достапни линкови

Во „Диригент“ приведени уште 12 луѓе


Илустрација.
Илустрација.

Македонската полиција во соработка со германската приведе 12 осомничени за перење пари и трговија со дрога во продолжението на операцијата Диригент.

Полицијата привела дванаесетмина лица во рамки на операцијата „Диригент“ во соработка со германската служба за борба против дрога. Тројца се во бегство, а еден веќе е во затвор од вкупно шестнаесетмина осомничени за препродажба на дрога и перење пари во Македонија и Германија.
Од тие 16 за шестмина постојат индиции дека се директно инволвирани во недозволена трговија со наркотици, додека за останатите 10 лица постојат индиции дека се инволвирани во перењето пари.
Иво Котевски, МВР.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи вели дека акцијата трае подолго време.

„Министерството за внатрешни работи од 16-те лица што беа предмет на интерес на територијата на Република Македонија, утринава приведе 12 лица. Од тие 16 за шестмина постојат индиции дека се директно инволвирани во недозволена трговија со наркотици, додека за останатите 10 лица постојат индиции дека се инволвирани во перењето пари.“

Станува збор за голема акција против неколку поголеми организирани групи појаснува портпаролот на МВР.
Прес-конференција за апсењата во продолжението на полициската операција Диригент. 09 јануари 2013.
Прес-конференција за апсењата во продолжението на полициската операција Диригент. 09 јануари 2013.

„Се уште течат претресите со судска наредба, а дополнително треба да следат и проверки во фирмите за кои постојат индиции дека биле користени при извршувањето на кривичното дело перење пари, односно при ставањето во легален промет на парите кои биле заработени од незаконска препродажба на наркотици на улиците во Франкфурт и потоа трансферирани во Македонија.“

Запрашан зошто полицијата чекала извесен период пред приведување на осомничените во акцијата „Шпион“, портпаролот на МВР вели дека станува збор за сериозно водење на истрагата.

„Полицијата воопшто не чекаше, туку крајно сериозно постапуваше по случајот и ја отпочна финалната фаза од реализацијата на случајот во оној момент кога во консултација со надлежниот јавен обвинител проценивме дека има доволно докази да се оди со кривична пријава“, вели Котевски.
XS
SM
MD
LG