Достапни линкови

Tрговска криза, балкански инает и бизнис интереси


Блокираниот граничен премин Блаце на македонско-косовската граница.
Блокираниот граничен премин Блаце на македонско-косовската граница.

Нема заедничка игра на владите во Скопје и Приштина, освен, можеби лични бизнис интереси и додворување кон гласачите. Вака ја коменираат трговската криза меѓу Македонија и Косово упатените.

Иако во медиумите се вртеше веста дека мерката за условен увоз на брашно завршува на 15 септември, од Министерството за земјоделие потврдуваат дека таа е пропишана до 31 декември и засега така останува со тоа што додаваат и дека таа не е непроменлива и зависи од проценката пред се на ова Министерство за стабилизираноста на пазарот.
Меѓутоа со оглед на тоа дека увозот од Косово е само 3 отсто, а 97 проценти од Србија, очигледно е дека тоа е само повод, инаку квантитативно нема никакво значење за Македонија, но не треба да се исклучуваат најверојатно некои интереси на некој бизнисмен од Македонија кој увезува брашно од Косово.
Џевдет Хајредини, поранешeн министер за финансии.

Конечната одлука е на владата и таа ја носи на препорака на министерството за земјоделие по проценката дали загубите се поголеми ако се тргне или ако остане мерката во сила, велат од Министерството за економија.

Според познавачите на состојбите во случајов станува збор само за балканска непопустливост и несериозни власти. Последиците се тие кои не можат да оправдаат никаква позадина на овие случувања, а тие во случајов се навистина големи, потенцираат експертите.

„Меѓутоа со оглед на тоа дека увозот од Косово е само 3 отсто, а 97 проценти од Србија, очигледно е дека тоа е само повод, инаку квантитативно нема никакво значење за Македонија, но не треба да се исклучуваат најверојатно некои интереси на некој бизнисмен од Македонија кој увезува брашно од Косово“, ги коментира состојбите поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
Инаку ако се остават овие влада и овие премиер на овој начин да ја водат политиката, ние брзо ќе се затвориме повеќе отколку што бевме во времето на комунизмот, затоа што водат политика на инает, на нетолеранција, на дневни потреби итн.
Никола Поповски, универзитетски професор.

Негова проценка е дека во целиов проблем клучна улога играат емоциите и на двете страни и дека формално правно одлуките не се спорни. Во ДУИ велат дека проблемот не можат да коментираат бидејќи одлуките ќе ги донесе владата.

Професор Никола Поповски од Меѓународниот славјански универзитет вели дека Македонија со влегувањето во меѓународните организации и потпишувањето на меѓународните договори мора да го ослободува пазарот.

„Но владата секогаш сака слободно да тргува со другите, но кога има конкурентни производи на нашиот пазар тоа да го оневозможи, според мене, со цел да се додвори на некои од гласачите кои традиционално ја поддржуваат.“

Наместо двата соседи брзо да најдат решение, проблемите се продлабочуваат, вели Поповски и сето ова од трговска станува и политичка бариера и крајот не може да се предвиди. Двете влади покажуваат незрелост, вели Поповски, така што многу е веројатно американските или европските претставници на двете страни да ги викнат двајцата премиери и да побараат од нив состојбата брзо да се врати во првобитната положба.

„Инаку ако се остават овие влада и овие премиер на овој начин да ја водат политиката, ние брзо ќе се затвориме повеќе отколку што бевме во времето на комунизмот, затоа што водат политика на инает, на нетолеранција, на дневни потреби итн“, посочува Поповски.
XS
SM
MD
LG