Со оглед на тоа што изгледа апсурдно трговската војна меѓу Македонија и Косово и натаму да се развива ако се земе предвид дека станува збор за најблиски трговски партнери, познавачите на состојбите не можат да го објаснат сето ова без учество на некаква позадина од дневната политика на двете страни.
„Секако дека дел од причините се тоа, зошто други причини не можам да видам. Дефокусирање на јавноста од страна на политичарите од поголемите проблеми. Е сега прашањето е кога прават калкулации за дефокусирање на јавноста, дали сметаат и на последиците од тие калкулации“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Комуникологот Петар Арсовски вели:
„Дали е тоа дефокусирање на јавноста од посетата на Нимиц или од дневнополитичките случувања, не е јасно, но во секој случај останува дека јавноста нема доволно информации што се случува и до каде е тој процес и кои се причините во основа за оваа трговска војна.“
Мерките кои се преземени досега, вели Муслиу, може само да генерираат револт кај граѓаните, но не и да го постигнат очекуваното дефокусирање од дневно-политичките теми. Најпрвин, на косовската страна се очекуваат локалните избори и учеството на Србите за што сепак постои консензус кај нивната политичка елита, на Македонска страна ваквите обиди не можат да донесат резултат со оглед на тоа што доколку е целта прикривањето на атмосферата околу посетата на медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, тешко дека вака долгорочен и суштински проблем ќе може да се занемари во интерес на некој друг, велат аналитичарите. Затоа ништо друго освен нови политички импликации не можат да се очекуваат од развивањето на овој проблем, вели Муслиу.
„Албанската заедница во Македонија и во Косово е прилично поврзана, едно време живеела, во Југославија сме живееле и во иста држава, така како политичките, економските, така и семејните врски се длабоки, така да дека тоа може да има рефлексија на внатрешно-политичката сцена секако дека може да има, да не заборавиме кои беа реакциите кога се одолговлекуваше признавањето на независноста на Косово.“
Исто така, рефлексии од сето ова може да има и врз односите во коалицијата, па и меѓу владината коалиција и опозицијата, велат аналитичарите, така што освен дневно политички, ниту една од страните не може да има политички, економски или каков и да е друг бенефит.
Министерот за економија Ваљон Сарачини како и косовската страна најавија дека дијалогот продолжува и дека две земји ќе останат посветени на нормализирање на трговските односи. Македонија бележи постојан суфицит во трговската размена со Косово. Вкупната размена меѓу двете земји минатата година изнесувала 421 милиони долари.
Дефокусирање на јавноста од страна на политичарите од поголемите проблеми. Е сега прашањето е кога прават калкулации за дефокусирање на јавноста, дали сметаат и на последиците од тие калкулации.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
„Секако дека дел од причините се тоа, зошто други причини не можам да видам. Дефокусирање на јавноста од страна на политичарите од поголемите проблеми. Е сега прашањето е кога прават калкулации за дефокусирање на јавноста, дали сметаат и на последиците од тие калкулации“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Комуникологот Петар Арсовски вели:
„Дали е тоа дефокусирање на јавноста од посетата на Нимиц или од дневнополитичките случувања, не е јасно, но во секој случај останува дека јавноста нема доволно информации што се случува и до каде е тој процес и кои се причините во основа за оваа трговска војна.“
Дали е тоа дефокусирање на јавноста од посетата на Нимиц или од дневнополитичките случувања, не е јасно, но во секој случај останува дека јавноста нема доволно информации што се случува.Петар Арсовски, комуниколог.