Достапни линкови

Односите со Косово, топло-ладно


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и косовската претседателка Атифете Јахјага на средба во Приштина на 10 јануари 2012 година.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и косовската претседателка Атифете Јахјага на средба во Приштина на 10 јануари 2012 година.

Политичките односи со Косово се далеку од добрососедски и пријателски, велат дел од аналитичарите, но економската соработка меѓу двете земји е одлична.

Топло – студено, вака дел од аналитичатите во земјава ги опишуваат македонско – косовските односи. Причина за таквиот однос е тоа што Македонија има притисоци и нема јасен став кон Косово и се однесува формално кон својот сосед вели аналитичарот Алајдин Демири.
Повеќе се ладни односи, дипломатско тврди, не се онака како што треба да бидат помеѓу две соседни земји. Очигледни се тие притисоци на Србија и на одредени земји и така си ја тера Македонија таа дипломатија повеќе ладна, отколку пријателска или добрососедска.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Протести на Албанците против полициската операција Монструм.
Протести на Албанците против полициската операција Монструм.
Оценката на вицепремиерот на Македонија Муса Џафери и косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај по нивната заедичка средба во Приштина пред еден месец беше дека двете земји имаат добро економско- политички односи. Со слична оценка во јануари излегоа и претседателите на парламентите на двете земји, Трајко Вељаноски и Јакуп Красниќи, кои констатираа дека билатералните односи меѓу Македонија и Косово одат во нагорна линија, што преставува придонес и за целокупната стабилност на регионот.

Дел од аналитичарите не се согласуваат со констатацијата на политичарите за добри односи, затоа што низа инциденти и случувања во изминативе неколку месеци укажале на подеми и падови во односите.
Ова е традиционална долгогодишна економска соработка, имаме ние тука огромна албанска зедница која гравитира и со фамилии и со бизниси кон Косово и обратно. Мислам дека економската соработка е во подем последните години и понатаму ќе се развива.
Мирче Чекреџи, стопанственик.

„Повеќе се ладни односи, дипломатско тврди, не се онака како што треба да бидат помеѓу две соседни земји. Очигледни се тие притисоци на Србија и на одредени земји и така си ја тера Македонија таа дипломатија повеќе ладна, отколку пријателска или добрососедска“, вели Демири.

Тој додава дека влијание врз политичките односи имаат и етничките протести и случувања во Македонија, кои повлекоа реакции и на Албанците од Косово и Албанија кои носеа порака за политичарите во земјава да не експериметира со контролирани конфликти и притисоци на етничка основа.

„Тие односи веројатно влијаеа. Очигледно дека Македонија не е задоволно од како што тие би го нарекле тој патернализам, меѓутоа тоа се односи кои се креираат со новата политика, односно новиот пристап за стабилизација на земјата, односно стабилизација на регионот.“

Во низата инциденти спаѓаат палењето на знамиња на натпревари, фрлен молотов коктел врз македонската амбасада во Приштина, албански протести против апсењето на осомничените за убиствата кај Смиљковското Езеро.

Од друга страна, Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори смета дека таквите инциденти не влијаат врз економската размена и дека економските односи меѓу Косово и Македонија се одлични.

„Тоа се лоши работи во секој случај, меѓутоа не влијаат на економските односи меѓу земјите, ова е традиционална долгогодишна економска соработка, имаме ние тука огромна албанска зедница која гравитира и со фамилии и со бизниси кон Косово и обратно. Мислам дека економската соработка е во подем последните години и понатаму ќе се развива.“

Косово е на седмо место меѓу земјите-трговски партнери на Македонија. Во првите осум месеци од минатата година трговската размена меѓу двете земји достигнала 390 милиони долари, што е 28 отсто повеќе во однос на истиот период 2010-та година.

„Косово е еден од нашите поголеми трговски партнери. Недостаток на соработката е големиот трговски дефицит што тие го имаат во однос на нас, но тоа за нас е да речеме поволна ситуација. Во понатамошното развивање на соработката би било добро да се отпочнат и заеднички инвестициски проекти, наши фирми во Косово, косовски фирми овде и тн.“, вели Чекреџи.

Тој додава дека за подбрување на трговската размена меѓу двете земји потребно е да се подобри инфраструктурата, да се обнови патот Скопје- Приштина и да се отворат повеќе гранични премини кои би ја олесниле соработката. Едно од прашањата за кои разговарале македонските и косовските политичари на нивните средби е и зголемувањето на инвестициите меѓу двете земји, постигнувајќи инфраструктурни услови за бизнисот и слободната трговија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG