Во првите сто дена од работењето, за Струга се направени многу работи кои изминатите години не беа ниту чепнати, рече новиот градоначалник на Струга, Зиадин Села. Ветив дека главната градска сообраќајница ќе ја направам двосмерна, ќе ги отстранам паркинзите од улиците и ќе го расчистам шеталиштето покрај кејот на Црн Дрим од металните огради и дивите објекти, рече Села.
„Многумина беа скептици дека тоа не може да се направи, но јас тоа го направив, не за првите 100, туку за првите 30 дена. Главната улица функционира двонасочно. И не беше тоа толку проблем, бидејќи одлуката беше донесена од страна на минатиот состав, бидејќи целата таа работа беше направена без сообраќајна студија. Останува да интервенираме во инфраструктурни работи. Сите фонтани во градот веќе функционираат. Главната фонтана во центарот веќе работи и има вода, и таа работа за да ја средам ме чинеше само нула денари“, рече Села.
Тој вети дека парите на стружани ќе ги троши рационално и нема да се расфрла со тие средства. Кажа дека од џебот на граѓаните само во првите четири месеци од оваа година, само за репрезентации, биле потрошени 1,18 милиони денари. Села кажа дека на сметка на општината минатите години не влегол ниту денар од концесионирањето на паркинзите во Струга. Според него, кога дошол на власт затекнал хаотична локална администрација.
„Во досегашната систематизација беше наведено дека за да бидеш раководител на сектор, треба да бидеш магистар. Општината не е академија на науките, ниту универзитет, па да биде потребно некој да е магистер за да раководи со оддел. Се знае зошто е тоа направено и кој има приватен универзитет во Струга. Се знае дека сè функционирало за еден човек и неколкумина луѓе околу него, но таа ситуација повеќе нема да биде така“, рече Села.
Ристо Ќушкоски, претседател на струшките социјал демократи и советник од СДСМ, вели дека во работењето на Села има и позитивни и негативни моменти.
„Сакам да го споделам мислењето на граѓаните на Струга. Позитивните работи се однесуваат конкретно на акцијата што ја спроведе околу чистењето на кејовите и дел од дивоградбите и околу хигиената на градот. Факт е дека со доаѓањето на новата локална власт, хигиената во Струга се подигна на доста повисоко ниво и тоа граѓаните го прифаќаат и со симпатии е прифатено од нивна страна“, вели Ќушкоски.
Тој вели дека Села во изминатите неколку месеци покажал некооперативност во работењето и поделба на власта.
„Кога велам поделба на власт мислам на правичната застапеност на Македонците во власта на локално ниво. Сметам дека застапеноста на Македонците во локалната власт подолг период е на многу ниско ниво, односно скоро и да ги нема“, рече Ќушкоски.
Во Струга сè уште нема договор за коалиција и формирање на советничко мнозинство во струшкиот градски совет, иако последните одлуки на советот беа донесени без проблем и без противење на најголем дел од советничките групи.
Многумина беа скептици дека тоа не може да се направи, но јас тоа го направив, не за првите 100, туку за првите 30 дена. Главната улица функционира двонасочно. И не беше тоа толку проблем, бидејќи одлуката беше донесена од страна на минатиот состав, бидејќи целата таа работа беше направена без сообраќајна студија. Останува да интервенираме во инфраструктурни работи. Сите фонтани во градот веќе функционираат. Главната фонтана во центарот веќе работи и има вода, и таа работа за да ја средам ме чинеше само нула денари.Зиадин Села, градоначалник на Струга.
„Многумина беа скептици дека тоа не може да се направи, но јас тоа го направив, не за првите 100, туку за првите 30 дена. Главната улица функционира двонасочно. И не беше тоа толку проблем, бидејќи одлуката беше донесена од страна на минатиот состав, бидејќи целата таа работа беше направена без сообраќајна студија. Останува да интервенираме во инфраструктурни работи. Сите фонтани во градот веќе функционираат. Главната фонтана во центарот веќе работи и има вода, и таа работа за да ја средам ме чинеше само нула денари“, рече Села.
Тој вети дека парите на стружани ќе ги троши рационално и нема да се расфрла со тие средства. Кажа дека од џебот на граѓаните само во првите четири месеци од оваа година, само за репрезентации, биле потрошени 1,18 милиони денари. Села кажа дека на сметка на општината минатите години не влегол ниту денар од концесионирањето на паркинзите во Струга. Според него, кога дошол на власт затекнал хаотична локална администрација.
Сметам дека застапеноста на Македонците во локалната власт подолг период е на многу ниско ниво, односно скоро и да ги нема.Ристо Ќушкоски, претседател на струшките социјал демократи и советник од СДСМ.