Достапни линкови

Ако нема совет, ќе има нови избори во Струга


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Струшкиот градоначалник Зиадин Села најави дека е подготвен да оди на нови избори ако нема договор за избор на претседател на општинскиот совет.

Струшкиот градоначалник Зиадин Села најави дека е подготвен да оди на нови избори ако нема договор за избор на претседател на струшкиот совет. Тој со порака до коалиционите партнери на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да не ја користат Струга како мегдан за нивните проблеми кои ги имале во централната власт.
Јас сум подготвен во интерес на Струга и стружани да одам до крај, да одам и на избори за да може и советот да функционира, не за мое добро, туку за доброто на градот и граѓаните. Тие нека си ги решаваат проблемите кои имаат и никако нема да дозволам мегдан каде ќе ги решаваат тие проблеми да биде Струга.
Зиадин Села, градоначалник на Струга.

Изјавите на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, дека Села не бил подготвен да седне и да разговара за формирање на мнозинство, тој ги оцени како цинични и патетични и обид за манипулација со стружани.

„Јас сум подготвен во интерес на Струга и стружани да одам до крај, да одам и на избори за да може и советот да функционира, не за мое добро, туку за доброто на градот и граѓаните. Тие нека си ги решаваат проблемите кои имаат и никако нема да дозволам мегдан каде ќе ги решаваат тие проблеми да биде Струга. Им порачувам на сите тие кои се дел од целата таа измислена приказна дека има проблеми во Струга со цел да си ги покријат проблемите што ги имаат, да не го направат тоа“, рече Села.

Перо Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струга и актуелен советник, вели дека остануваат на нивното барање Македонец да биде поставен за претседател на советот. Вели дека се подготвени за нови избори во Струга и оти со Села не се сретнале последните десет дена.

„Дали ќе дојде до предвремени избори сè уште е рано, но ние сме подготвени на сè. Ние немаме никаков договор со ДУИ, ние единствено имаме договор со СДСМ за заедничка советничка листа и тој договор ќе се почитува. Не знам што би се решило и со нови избори бидејќи би била слична констелацијата на односите што проблемот не би го решил“, вели Петковски.

Ардијан Демири, советник од партијата Национална демократска преродба, смета дека нови избори на Струга не и се потребни после три изборни круга.

„Мислам дека граѓаните на Струга се изморени од избори и сум убеден дека тие воопшто нема да бидат заинтересирани за евентуални повторени избори за совет. Сметам дека треба да се најде некое решение околу избор на претседавач на советот. Со ова праќаме многу незрела порака и до граѓаните и до инвеститори кои биле заинтересирани да инвестираат во Струга, бидејќи тоа покажува една политичка нестабилност“, рече Демири.
XS
SM
MD
LG