Неколку дена откако се сретна со поглаварот на ИВЗ и струшкиот муфтија во Исламската верска заедница, новиот градоначалник на Струга Зијадин Села оствари средба и со претставници на Македонската православна црква. Во обид да ги слушне проблемите со кои двете верски заедници се соочуваат во мултиетничкиот град, Села се реши на ваков чекор што во струшката јавност предизвика позитивни вибрации по меѓуетничките и меѓуверските тензии кои беа присутни во Струга после случувањата минатата година на Вевчанскиот карневал.
„Разговаравме за проблемите кои постојат бидејќи Струга, освен што е мултиетнички град, е и мултикултурен и мултиверски град. Разговаравме околу тоа дека е многу важно да се има соживот во Струга, како од етнички, така и од верски аспект и разговаравме за добриот придонес кои можат да го даваат верските службеници за да ја постигнеме целта а, тоа е да имаме мирен и развоен град со перспектива“, рече Села.
За Рубин Земон, експерт за малцински прашања, обидот на Села да воспостави добри односи со двете верски заедници во градот е позитивен сигнал дека некои работи можат да се променат кон подобро. Тој вели дека треба да се има добра стратегија како таа комуникација би се одвивала во иднина.
„Сите иницијативи за смирување на некакви тензии кои ги имаше порано, па и од меѓурелигиски карактер, е за поздравување. Со какви методи тој тоа ќе го прави ќе се види, бидејќи многу лесно од медијација може да дојде конфликт. Верската толеранција мора да се развива и да не се дозволи говор на омраза. Подобро е да се разговара сто часа отколку да има една минута конфликт“, вели Земон.
Драгица Попеска, претседател на Невладината организација Езерка од Струга кои работат на проекти за меѓуетничка и меѓуверска толеранција, вели дека потегот на Села е добар чин кон приближување на двете најголеми верски заедници и ќе придонесат кон подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соживотот во Струга.
„Ние како граѓани треба да му помогнеме во позитивните напори за смирување на тензиите и заедничкото живеење во Струга да биде на подобро ниво. Добро е за почеток што овие средби се организирани но треба со претставниците на верските заедници да се седне да една маса да кажат и проблемите кои постојат но и да се дадат предлози за надминување на тие проблеми“, вели Попеска.
Таа вели дека е добро што Села бил и првиот кој им го честитал празникот Велигден на граѓаните од православна вероисповест, нешто што долго време не се случило во Струга.
Разговаравме за проблемите кои постојат бидејќи Струга, освен што е мултиетнички град, е и мултикултурен и мултиверски град. Разговаравме околу тоа дека е многу важно да се има соживот во Струга, како од етнички, така и од верски аспект.Зиадин Села, градоначалник на Струга.
„Разговаравме за проблемите кои постојат бидејќи Струга, освен што е мултиетнички град, е и мултикултурен и мултиверски град. Разговаравме околу тоа дека е многу важно да се има соживот во Струга, како од етнички, така и од верски аспект и разговаравме за добриот придонес кои можат да го даваат верските службеници за да ја постигнеме целта а, тоа е да имаме мирен и развоен град со перспектива“, рече Села.
За Рубин Земон, експерт за малцински прашања, обидот на Села да воспостави добри односи со двете верски заедници во градот е позитивен сигнал дека некои работи можат да се променат кон подобро. Тој вели дека треба да се има добра стратегија како таа комуникација би се одвивала во иднина.
Сите иницијативи за смирување на некакви тензии кои ги имаше порано, па и од меѓурелигиски карактер, е за поздравување. Со какви методи тој тоа ќе го прави ќе се види, бидејќи многу лесно од медијација може да дојде конфликт.Рубин Земон, експерт за малцински прашања.