Еден месец по своето конституирање, Советот на општина Струга никако да добие претседавач бидејќи градските советници не се договорија околу изборот на претседател. Предлогот на ДПА, нивниот советник Абдула Ќазимоски да седне во претседателската фотелја не ја доби поддршката на македонскиот блок партии, додека од ДУИ гласаа воздржано.
Коалицијата Заедно за Струга на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бараат претседател на советот да биде Македонец. Но и нивниот предлог за советничката Јулијана Зуноска не го доби потребното мнозинство. Против гласаа сите советници од албанските партии.
Со ова полека, но сигурно се отвора можноста за одржување на нови избори за советници во Струга, бидејќи Законот за локална самоуправа предвидува ако во рок од три месеци од конституирањето на советот не биде избран претседавач, треба да се одржат нови избори. Еден месец веќе помина. Даме Ложанкоски, советник на СДСМ, порача дека претседател на совет мора да биде Македонец, поради соживотот во Струга.
„Не сум националист. Мислам и тврдам дека имаме сили и градоначалникот и советниците да се договориме и тој потег да го направиме. Да го направиме тоа исто како што тоа го направија во 2000 година, кога градоначалник беше Македонец, а претседател беше Албанец. Дајте да се почитуваме. Треба добро да размислиме и да го направиме тој чекор“, рече Ложанкоски.
Колумнистот од Струга Шпетим Положани рече дека ова што се случува во Струга не од интерес на стружани.
„Треба да се најде некое решение. Овие блокови мене не ми се допаѓаат и не се добри знаци за иднината на нашиот град кој се дави во ѓубре и прашина. Жалосно е да се гледа Струга во овие моменти“, вели Положани.
Градоначалникот на Струга, Зиадин Села вели дека одговорноста за случувањата во советот не е негова.
„Јас нема да се мешам во работата на советот на општината Струга и ќе ги почитувам нивните одлуки. Ако политичките партии и советниците се подготвени за преговори, јас сум подготвен да седнам и да преговарам. Не може да се поделат гласачите по етничка линија тие се советници на сите граѓани“, вели Села.
Никола Затуроски, советник на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека решение за надминување на сегашната состојба е седнување и разговори со градоначалникот Села.
„Решението е во седнување и разговори со градоначалникот. Ние не отстапуваме од варијантата Струга да ја води претседател на советот од редот на македонските партии“, рече Затуроски.
На последната седница на советот, советниците од ПЕИ најавија дека во иднина ќе делуваат посебно од ДУИ и покрај тоа што на локалните избори беа дел од советничката листа на ДУИ.
Не сум националист. Мислам и тврдам дека имаме сили и градоначалникот и советниците да се договориме и тој потег да го направиме. Да го направиме тоа исто како што тоа го направија во 2000 година, кога градоначалник беше Македонец, а претседател беше Албанец. Дајте да се почитуваме. Треба добро да размислиме и да го направиме тој чекор.Даме Ложанкоски, советник од СДСМ во општина Струга.
Коалицијата Заедно за Струга на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бараат претседател на советот да биде Македонец. Но и нивниот предлог за советничката Јулијана Зуноска не го доби потребното мнозинство. Против гласаа сите советници од албанските партии.
Со ова полека, но сигурно се отвора можноста за одржување на нови избори за советници во Струга, бидејќи Законот за локална самоуправа предвидува ако во рок од три месеци од конституирањето на советот не биде избран претседавач, треба да се одржат нови избори. Еден месец веќе помина. Даме Ложанкоски, советник на СДСМ, порача дека претседател на совет мора да биде Македонец, поради соживотот во Струга.
Јас нема да се мешам во работата на советот на општината Струга и ќе ги почитувам нивните одлуки. Ако политичките партии и советниците се подготвени за преговори, јас сум подготвен да седнам и да преговарам. Не може да се поделат гласачите по етничка линија тие се советници на сите граѓани.Зиадин Села, градоначалник на Струга.