Објектот „Блу Скај“ на струшкиот бос Дилавер Бојку Леку изграден пред неколку години на кејот на реката Црн Дрим, повеќе го нема. Специјализирана фирма која локалната самоуправа ја избра по пат на тендер ги урна монтажниот ресторан и летната тераса на горниот и долниот дел од кејот. Стружани будно ја следеа акцијата и пројавија голем интерес за уривањето на објектите на еден од најпознатите стружани во последната деценија.
Градоначалникот Зиадин Села им даде рок до 30 јуни на сите сопственици на угостителски објекти сами да ги отстранат објектите, поради што најголем дел од нив тоа и го направија. Целата акција се одвиваше под силно обезбедување на полицијата, од каде информираат дека таа поминала без проблеми, иако минатата недела градоначалникот Села во полиција пријавил дека телефонски добил закани од Леку, откако тој писмено бил известен дека сите дивоградби ќе мора да бидат отстранети.
Стружани ја поздравуваат акцијата на општината и решеноста на Села да стави крај на урбаното дивеење во градот.
„Ова е правилно. Граѓаните наместо да се движат и да уживаат покрај Дрим, не можеа во тоа поради тие објекти.“
„Ова е најдоброто решение, бидејќи без одобрение ништо не се прави. Кој им дал одобрение треба да се види.“
„Сè е ова на диво, затоа се урива. Добар потег е ова. Падна и Леку, не може Леку да прави што сака“, коментираат анкетираните стружани.
Ардијан Демири, советник во Советот на општина Струга, вели дека во Струга во изминатите години владеел вистински хаос во сите области и добро е што Села почнал да ги реализира предизборните ветувања.
„Апелирам до градоначалникот, акцијата негова да биде неселективна и во функција на заштита на интересите на граѓаните без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност. Само на тој начин ќе може да се оправда акцијата и да влее надеж кај граѓаните дека конечно анархијата која владееше во Струга последните неколку години ќе вроди со плод“, рече Демири.
Министерот за локална самоуправа Тахир Хани, кој инаку е од Струга, за акциите на Села рече дека времето ќе покаже кои ќе бидат ефектите од нив.
„Му посакувам успех на градоначалникот на Струга да ја уреди Струга според неговата концепција и политика. Времето ќе покаже за ефектите за сите акции кои ги презема градоначалникот на Струга, но јас му посакувам успех во сите негови активности“, рече Хани.
Градоначалникот на Струга Зиадин Села уште пред неколку дена рече дека нема да има пардон кон никого и дека државата треба да го реши проблемот и со дивоградбите по струшките плажи.
„Не може да се даваат под концесија плажи кои не спаѓаат под градежно земјиште. И првите концесии кои се дадени од Министерството за транспорт и врски се противзаконски. Не може да се даваат под концесија плажи и на нив да се градат шанкови кои потоа никнаа во ресторани и мотели, а во Деталниот урбанистички план нема ништо исцртано и тоа тие треба да го решат“, рече Села.
Ова е правилно. Граѓаните наместо да се движат и да уживаат покрај Дрим, не можеа во тоа поради тие објекти.Анкетиран граѓанин.
Градоначалникот Зиадин Села им даде рок до 30 јуни на сите сопственици на угостителски објекти сами да ги отстранат објектите, поради што најголем дел од нив тоа и го направија. Целата акција се одвиваше под силно обезбедување на полицијата, од каде информираат дека таа поминала без проблеми, иако минатата недела градоначалникот Села во полиција пријавил дека телефонски добил закани од Леку, откако тој писмено бил известен дека сите дивоградби ќе мора да бидат отстранети.
Не може да се даваат под концесија плажи кои не спаѓаат под градежно земјиште. И првите концесии кои се дадени од Министерството за транспорт и врски се противзаконски. Не може да се даваат под концесија плажи и на нив да се градат шанкови кои потоа никнаа во ресторани и мотели, а во Деталниот урбанистички план нема ништо исцртано и тоа тие треба да го решат.Зиадин Села, градоначалник на Струга.