Градоначалникот на Струга, Зијадин Села обвинува за опструкции врз него од страна на централната власт во изминатите три месеци и притисоци врз работењето на локалната самоуправа во Струга. Села вели дека нема да отстапи од она што претходно го ветил, а тоа е од Струга да направи пристојно место за живеење и развиен туристички град. Прашува како е можно на Струга да и бидат одземени 300.000 евра од општинскиот буџет, додека на соседен Охрид да му бидат доделени дополнителни 3 милиони евра.
„Резултат од овие три месеци како градоначалник е дека од страна на Министерството за финансии на општина Струга и се земени 300.000 евра, по основ на долгот што Охрид и Струга заедно го имаат за Проаква. На општина Охрид не и е земен ниту еден денар, а плус тоа од централниот буџет и се доделени плус 3 милиони евра. Гледате за каква тенденција се работи, и затоа не треба да се дозволат овие работи, бидејќи овие работи се оддалечени само 15 километри“, рече Села.
Села порачува дневните политики да се остават за во Влада и за во Собрание. Струшкиот градоначалник обвинува дека државата и комарците ги поделила по етничка основа, па на Струга не и доделила пари за прскање од комарци,и оти во оваа одлука се опфатени Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново и Облешево. Поради тоа општината сама решила да распише тендер за прскање против комарци.
„Го прашувам министерот за транспорт и врски на кој начин ги имаат поделено комарците. Врз база на етничка или политичка припадност и зошто не се прска и во Струга. Критериумот за прскање биле според посетеноста на градовите од туристи за време на туристичка сезона“, вели Села.
Села зборува и за други, според него, чудни одлуки на државните институции и владата кога е во прашање Струга.
„Се работи за барањето да се работи ревизија на работењето на работењето на претходниот градоначалник од страна на државната ревизија. Одговорот беше дека тоа не е предвидено во програмата таква работа, а имаат во програмата да одат во Охрид и таму да направат ревизија. Друг проблем со кој се соочуваме е и панорамскиот автобус. Направив барање како градоначалник да ни се обезбеди панорамски автобус исто како и за Охрид и Скопје, и одговорот беше негативен“, додава Села.
За да ситуацијата биде уште по иронична владата на Струга и понудила решение панорамскиот автобус од Охрид да го користи и Струга, реагира Села.
Резултат од овие три месеци како градоначалник е дека од страна на Министерството за финансии на општина Струга и се земени 300.000 евра, по основ на долгот што Охрид и Струга заедно го имаат за Проаква. На општина Охрид не и е земен ниту еден денар, а плус тоа од централниот буџет и се доделени плус 3 милиони евра.Зијадин Села, градоначалник на Струга.
„Резултат од овие три месеци како градоначалник е дека од страна на Министерството за финансии на општина Струга и се земени 300.000 евра, по основ на долгот што Охрид и Струга заедно го имаат за Проаква. На општина Охрид не и е земен ниту еден денар, а плус тоа од централниот буџет и се доделени плус 3 милиони евра. Гледате за каква тенденција се работи, и затоа не треба да се дозволат овие работи, бидејќи овие работи се оддалечени само 15 километри“, рече Села.
Села порачува дневните политики да се остават за во Влада и за во Собрание. Струшкиот градоначалник обвинува дека државата и комарците ги поделила по етничка основа, па на Струга не и доделила пари за прскање од комарци,и оти во оваа одлука се опфатени Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново и Облешево. Поради тоа општината сама решила да распише тендер за прскање против комарци.
Друг проблем со кој се соочуваме е и панорамскиот автобус. Направив барање како градоначалник да ни се обезбеди панорамски автобус исто како и за Охрид и Скопје, и одговорот беше негативен.Зијадин Села, градоначалник на Струга.