Достапни линкови

Кежаровски - ме третираат како државен непријател број еден


Случај Ликвидација
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Изјава на Александар Тортевски, адвокат на еден од обвинетите во случајот Ликвидација.

Јас само ја работев својата работа, а сега сум третиран како криминалец и небаре сум државен непријател број еден, рече новинарот Томислав Кежаровски, презентирајќи ја својата одбрана пред Кривичниот суд во случајот „Ликвидација“.

Не е потребно човек да е правник за да примени здрав разум и логика и да ја сфати апсурдноста на обвинението против мене кое ми го наруши семејниот и душевен мир. Јас само ја работев својата работа, а сега сум третиран како криминалец и небаре сум државен непријател број еден. Со овие зборови новинарот Томислав Кежаровски ја презентираше својата одбрана пред Кривичниот суд во случајот „Ликвидација“. Тој порача дека само сакал во јавноста да ја презентира информацијата за лажен сведок.
Кривичната пријава и обвинението за мене се неприфатливи и се демонстрација на лицемерство, со цел да се прикрие што точно се случило.
Исказ на новинарот Томислав Кежаровски пред Суд.

„Јавно го објавив идентитетот на заштитениот сведок со цел да ја прикажам злонамерната и тенденциозна постапка која ја водеше Министерството за внатрешни работи“, рече Кежаровски.

Тој порача дека немал намера да загрози нечиј живот и интегритет.
Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски, 25 јули 2013.
Новинарите протестираа против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски, 25 јули 2013.

„Кривичната пријава и обвинението за мене се неприфатливи и се демонстрација на лицемерство, со цел да се прикрие што точно се случило“, рече Кежаровски.

Тој побара судот да провери чиј е телефонскиот број од записникот, кој беше објавен во неговиот текст, бидејќи се сомнева дека бројот е на заштитниот сведок. Кежаровски порача дека со неговото спектакуларно апсење се загрозила слободата на медиумите, а притворот го нарече крвнички чин.
Кривичното дело кое се става на терет на обвинетите, не постои повеќе, судот тоа го констатира, а обвинителот и натаму ги обвинува за противзаконско посредување дело кое практично и натаму не постои.
Александар Тортевски, адвокат.

Еден од адвокатите во одбраната Александар Тортевски вели дека секогаш кога една постапка ќе започне со прекршување на процедурата, тоа се провлекува до самиот крај, а уште повеќе кога има случај на апсурдно обвинение.

„Кривичното дело кое се става на терет на обвинетите, не постои повеќе, судот тоа го констатира, а обвинителот и натаму ги обвинува за противзаконско посредување дело кое практично и натаму не постои. Процедурата е прекршена во многу наврати, не ни се дадени докази на увид, не ни се дадени наредбите за посебни истражни мерки да видиме дали се спроведени законски“, рече Тортевски.

Освен Кежаровски во случајот Ликвидација обвинети се уште седум лица за неколку кривични дела, а најголем дел од нив се поврзани со предметот за убиството на старец од Ореше, кој се водеше во Основниот суд – Велес.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG