Достапни линкови

Власта сака целосна контрола врз медиумите


Архивска фотографија: Протест на новинарите
Архивска фотографија: Протест на новинарите

Притворот на новинарот Томислав Кежаровски и новиот закон за медиуми кој владата сака да го протурка без отворен дијалог со медиумските здруженија се примери дека власта сака целосна контрола врз медиумите, велат експертите.

Целосна контрола, а не слобода на медиумите е целта на владата, велат експертите. Тоа го покажува притворот на новинарот Томислав Кежаровски, новиот закон за медиуми кој владата сака да го протурка без отворен дијалог со медиумските здруженија, а притоа остана нема и на забелешките од меѓународодната заедница кои изразија загриженост за состојбите во земјата.

Видовме што се случи со А1, што се случува со некои новинари, некои се во затвор, некои загинуваат во собраќајни несреќи, се вршат огромни притисоци во моментов врз весникот Вест од страна на владата. Сето тоа е апсулутен доказ дека оваа влада нема намера да крене раце, односно да нема контрола врз медиумите.
Мирче Адамчевски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија
Долгогодишниот новинар и поранешен претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски вели дека владата воопшто нема намера да им даде слобода на медиумите. Според него, уште од доаѓањето на власт, сегашната гарнитура имала агенда да ги стави сите медиуми под нејзина контрола, а Советот за радиодифузија веќе е во нивни раце.
Архивска фотографија-Протести на новинарите
Архивска фотографија-Протести на новинарите

„Владата сака докрај да го завладее медиумскиот простор и полека ги истиснуваат медиумите. Видовме што се случи со А1, што се случува со некои новинари, некои се во затвор, некои загинуваат во собраќајни несреќи, се вршат огромни притисоци во моментов врз весникот Вест од страна на владата. Сето тоа е апсолутен доказ дека оваа влада нема намера да крене раце, односно да нема контрола врз медиумите“, вели Адамчевски.

Комуникологот Климе Бабунски вели дека политиката на владата кон медиумите е погрешна.

Не може да се зборува за какво и да е цивилизирано однесување, ако оние кои треба да ги пренесат пораките се држат под притисок.
Климе Бабунски, комуниколог.
„Нема глумење дека вака гледано имааат погрешна диоптрија, затоа што не може да се зборува за какво и да е цевилизирано однесување ако некои што треба да ги пренесат пораките се држат под притисок, се запалашуваат и воопшто системски им се намалува просторот за слободна работа преку случајот Кежаровски или новиот закон за медиуми“, вели Бабунски.

Според Адамчевски, владата преку медиумите сака да ги наметне своите политики.

„Кога ќе има власт врз медиумите тоа значи дека се што ќе сака да го спроведе, ќе го работи преку медиуми кои ги контролира“, вели Адамчевски.

Бабунски вели дека најмалку што мора да направи владата е да го промени своето гледиште за тоа како треба да функционираат медиумите.

„Веројатно ќе мора да почне да ги поправа сопствените грешки. Колку побрзо го направи тоа, толку подобро за неа и за сите граѓани на Македонија“, вели Бабунски.

Во меѓувреме, Кривичниот суд му го продолжи притворот на Кежаровски за дополнителни 30 дена.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG