Достапни линкови

Шокираност од продолжувањето на притворот за Кежаровски


Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија на 31 мај 2013 година.
Новинарите на протест пред судот во Скопје побараа ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од Нова Македонија на 31 мај 2013 година.

Одлуката на Кривичниот суд да му го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски за дополнителни 30 дена е срамна, реагираат од Иницијативниот одбор за негово ослободување.

Одлуката на Кривичниот суд да му го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски за дополнителни 30 дена е срамна, реагираат од Иницијативниот одбор за негово ослободување. Кежаровски е притворен под обвиненија за објавување на име на заштитен сведок во 2008 година. Тој веќе два месеци е во притвор, а во последните три дена штрајкува со глад, бидејќи истрагата за случајот заврши. Неговото семејство поднесе и гаранција со недвижен имот за да се брани од слобода.
Сите сме шокирани и ова навистина е голем срам за Македонија и за судството, за обвинителството, за власта, за политичарите, за сите нас. Ќе го учиме како студија на случај, како се крши новинарството во нашата држава, за жал. Само се надевам дека неговата сопруга и Кежаровски ќе останат здрави и живи во овој процес и сè нешто ми личи дека ова на крај ќе излезе како Слугата Јернеј и неговото право.
Жанета Трајкоска, Иницијативен одбор за ослободување на Томислав Кежаровски.

„Сите сме шокирани и ова навистина е голем срам за Македонија и за судството, за обвинителството, за власта, за политичарите, за сите нас. Ќе го учиме како студија на случај, како се крши новинарството во нашата држава, за жал. Само се надевам дека неговата сопруга и Кежаровски ќе останат здрави и живи во овој процес и сè нешто ми личи дека ова на крај ќе излезе како Слугата Јернеј и неговото право“, вели Жанета Трајкоска од Иницијативниот одбор, за кој не е прифатливо објаснувањето дека притворот на Кежаровски му е продолжен поради опасност од бегство.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„Во судската пракса познато е како се регулира моментот на страв дека некој може да избега, се одзема пасош, се јавуваш секој ден или секоја недела во полиција ако треба, неговото семејство е тука, не е познат Кежаровски дека има милион долари за да може како познати мафиози од Македонија да избега итн.“, вели Трајковска.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска вели дека прашање е зошто воопшто Кежаровски е во притвор за такво дело, бидејќи има и други мерки, што создава сомнеж за независноста и пристрасноста на судот.

„Секогаш се заборава дека притворот е крајна мерка, затоа законодавецот и сите меѓународни стандарди се на таа линија. Ако може да се остварат целите преку други мерки, како што е на пример куќен притвор, зошто да се инсистира некој да се стави во притвор. Треба ли да се заплаши или да се покаже дека некое дело што е направено во 2008 година и за кое не е навремено реагирано, сега треба да се реагира“, вели Цаца Николовска.

Поддршка за Кежаровски пристигна од меѓународните и регионалните медиумски здруженија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG