Достапни линкови

Медиумските организации против предлог-законот за медиуми


Архивска фотографија: Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.
Архивска фотографија: Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани.

Медиумските здруженија од земјава бараат од владата да го повлече предлог-законот за медиуми, а предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се коригира согласно забелешките.

Владата да го повлече предлог-законот за медиуми, а предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се коригира согласно забелешките, апелираат медиумските здруженија. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека предлог законите не се во духот на европските стандарди и во нив владата не ги вградила суштинските забелешки на домашните и меѓународните институции.
Не можеме да очекуваме дека утре преку примената на тие стандарди ќе ја подобриме состојбата, јас мислам дека ние со ова практично ќе се вратиме еден чекор назад.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.
Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.
„Ние не носиме закон којшто е потполно во согласност со европското законодавство, со европските стандарди, не можеме да очекуваме дека утре преку примената на тие стандарди ќе ја подобриме состојбата, јас мислам дека ние со ова практично ќе се вратиме еден чекор назад. Досега имавме добри закони и имаме лоша состојба, можете да замислите ако имаме лош закон што ќе произведе тој во работата на медиумите“, вели Селмани.

Здруженијата најмногу се противат на воведување Агенција за медиуми и се загрижени за нејзината независност. Според претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис, тие немаат илузии дека нивното барање ќе биде прифатено и дека проектот за замолкнување на критичкото новинарство ќе биде запрен.
Никој овој закон за медиуми не го бараше, ниту тој нешто ќе реши, токму спротивното, дополнително ќе ја влоши состојбата во која функционираат и медиумите и новинарите и медиумските работници.
Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

„Но должни сме ѝ на медиумската јавност и на јавноста во Македонија да кажеме дека никој овој закон за медиуми не го бараше, ниту тој нешто ќе реши, токму спротивното, дополнително ќе ја влоши состојбата во која функционираат и медиумите и новинарите и медиумските работници“, вели Чаусидис.

Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми вели дека предлог законите се неприфатливи и посочува дека бараат само да бидат вклучени во процесот.

„Ние ништо друго ни не бараме, бараме да бидеме активно вклучени во целиот процес, да се слушнат и уважат нашите забелешки и барања за кои сметаме дека се сосема на место“, вели Георгиевски.

Селмани порачува дека остануваат во процесот и ќе предупредат на последиците доколку законите бидат донесени, но одговорноста ќе биде кај владата и парламентот. Според здруженијата, наместо закон за медиуми владата треба да понуди законско решение за владините кампањи и донации на медиумите за време на изборната кампања.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG