Достапни линкови

Резервни планови, лажен патриотизам и сеење магла


Евроамбасадорот Штефан Филе со делегација од ЕУ на средби со македонскиот државен врв.
Евроамбасадорот Штефан Филе со делегација од ЕУ на средби со македонскиот државен врв.

Текстовите посветени на името и на односите со ЕУ се најкоментирани на нашата интернет страница.

„Дволичната игра“ со Исток и Запад, како што оценуваат политичките аналитичари во нашиот истонасловен текст го натерала Перо од Скопје да искоментира дека „владава нема ниту план Б, В, Г... туку план за продавање лажен патриотизам, сеење магла, игри... нормално на кои лековерниот народец паѓа, а тие успешно билдаат рејтинг и по некое денарче за себе. Се гледа по коментарите, ако некој се обиде да ја раздува маглата, веднаш е предавник, кодош...“
Владава нема ниту план Б, В, Г... туку план за продавање лажен патриотизам, сеење магла, игри... нормално на кои лековерниот народец паѓа, а тие успешно билдаат рејтинг и по некое денарче за себе. Се гледа по коментарите, ако некој се обиде да ја раздува маглата, веднаш е предавник, кодош...
Коментар на читател.

Но Гоца, исто така од Скопје, смета дека „поради лицемерието на ЕУ и НАТО, односно поради условот Македонија да си го смени државниот идентитет, па потоа да биде дел од нив, земјава си најде нови алтернативи во економскиот развој“.

За Жаклина, соговорниците чии мислења се користени во прилогот биле, како што пишува, „многу непријателски настроени спрема Македонија“, а ЕУ и Америка нė блокирале веќе две децении.
Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав.
Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав.

Јас пишува: „Не сме блокирани од Запад, туку нашата власт не сака во ЕУ. Таму не може еден братучед да е директор на УБК, друг на Царина, кум министер за финансии, старосват...“
Не сме блокирани од Запад, туку нашата власт не сака во ЕУ. Таму не може еден братучед да е директор на УБК, друг на Царина, кум министер за финансии, старосват...
Коментар на читател.

„До Миле и до други вмровци“ е крстен коментарот на некој наш посетител на веб-страницата во врска со текстот „Веќе не е проблем само името“. „Да“, вели тој, „криви се Грците, ама летото го отепавте со пари за на одмор. Или тие се од СДСМ што одат на одмор во Грција. Тогаш пола и повеќе Македонија е СДСМ“. Па додава: „Македонецот е дволичен, неискрен спрема себеси и спрема другите“.

Инаку, и по овој наш текст има голем број коментари во кои се наоѓа маана за избраните политиколози, за темата што се обработува...Миле од Охрид дури смета дека Радио Слободна Европа има „листа“ на експерти кои постојано се консултираат.

Во младинската он-лајн колумна Илхан Рахман, претседател на невладината Уфук пишува за намалениот индекс на демократија во земјава во оценките на меѓународните организации. Агрон реагира дека кај Турците оџите правеле политика „за да избегаат од верските служби. Немате оџи, имате многу политичари што не ги бива за ништо“. Рефик од Радовиш ѝ забележува на МРТ 2 што на програмата на турски јазик пушта емисии од Турската телевизија стари 15-20 години, и пишува: „Само Европа ни е спас“.

За средната плата во земјава и како се пресметува е нашиот прилог кој има интересен коментар од Коле од Крива Паланка: „Железни опинци искинавте да го убедите народот дека е глупав, а они пак гласаат за овие што земјава ја тераат во пропаст“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG