Достапни линкови

Груевски - Кога ќе треба, ќе ги соопштиме идеите на Нимиц


Оној момент кога ќе почувствуваме дека е потребно да се споделат некои од идеите на господинот Нимиц со јавноста, тоа и ќе го направиме, рече премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница.

Без ниту еден пратеник од Социјалдемократскиот Сојуз помина уште една расправа на пратеничките прашања во македонското собрание. Во полупразната сала, активен беше либералот Ивон Величковски, кој на премиерот Никола Груевски му постави прашање кој е ставот на македонскиот државен врв за спорот за името и кој е последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц?
Она што денеска доаѓа како резултат во 2007, 2008, 2009, 2010, обично резултатите од ваквите презентации доаѓаат најрано за година, година ипол, а во многу случаи и за 2-3, 4, па дури и 5 години.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

„Притоа ќе ве замолам да не ми одговарате со прашања на прашањето, во смисол кој би бил наш предлог. Опозицијата, Либералната партија не лицитира со имиња, но фактот што опозицијата и ЛП се исклучени од сознанијата кои во изминатиот период сме ги имале, верувам дека имате можност да ги споделите, барем на она внимателно ниво кое може да се очекува од одговорен премиер.“

Нашиот став е непроменет, напишан и во предизборната програма, рече премиерот Груевски. ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со какво било решение кое подразбира промена на Уставот, кое задира во идентитетските прашања и кое нема да помине на референдум на кој граѓаните ќе го кажат своето мислење.
Премиере не моравте да потрошите девет ипол минути за да ми кажете дека не знаете колку пари ве чинеле вашите патни трошоци. И сакате да му кажете дека на сите економски промотори, на сите економски мисии во амбасадите, на сите расположливи ресурси , привлекувањето на странските инвестиции дошло до тоа дали вие ќе го „запалите“ авионот и ќе одите. Моето укажување е дека тимот не ви функционира.
Ивон Величковски, Либерална партија.

„Оној момент кога ќе почувствуваме дека е потребно да се споделат некои од идеите на господинот Нимиц со јавноста, тоа и ќе го направиме, а во моментите кога ќе чувствуваме дека било какво споделување на тие идеи може да му наштети на процесот, нормално дека за таквите работи ќе се воздржуваме од објавување“, одговори Груевски.

Величковски го интересираше и колку чинат патните трошоци на владините делегации при спроведувањето на роуд шоуата како и колку инвестиции се влезени од почетокот на годината до сега?

Во препознатлив стил и со веќе слушнати фрази, премиерот уверуваше дека активностите ќе ги дадат посакуваните резултати, а тие ќе дојдат по неколку години.

„Она што денеска доаѓа како резултат во 2007, 2008, 2009, 2010, обично резултатите од ваквите презентации доаѓаат најрано за година, година ипол, а во многу случаи и за 2-3, 4, па дури и 5 години.“
Вие до ДУИ сте несреќата на оваа земја, десет години по ред сте несреќа на Албанците.
Орхан Ибраими, ДПА.

Величковски со контра-аргументи се обидуваше да ја демантира тезата на премиерот Груевски.

„Премиере не моравте да потрошите девет ипол минути за да ми кажете дека не знаете колку пари ве чинеле вашите патни трошоци. И сакате да му кажете дека на сите економски промотори, на сите економски мисии во амбасадите, на сите расположливи ресурси , привлекувањето на странските инвестиции дошло до тоа дали вие ќе го „запалите“ авионот и ќе одите. Моето укажување е дека тимот не ви функционира.“

На прашањето дали и кога Македонија ќе ја повлече мерката за условен откуп на пченица од Србија, министерот за земјоделство Љупчо Димовски со одговор.

„Не лицитирам со термин, значи тогаш кога ќе процени владата, односно Министерството дека се исполнети двата услови, првиот дека во целост е извршен откупот на домашната пченица и второ, дека се создадени услови на стабилизирање на пазарот со врашно.“

Овојпат Величковски беше задоволен од одговорот, но не и од признанието на министерот дека македонските земјоделски производи не се конкурентни.
Со многу директни критики до владејачката коалиција, особено до Демократската Унија за интеграција од собрансиката говорница се обрати и пратеникот Орхан Ибраими од ДПА.

„Вие до ДУИ сте несреќата на оваа земја, десет години по ред сте несреќа на Албанците.“

Ибраими го праша вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими како ќе ја внесе Македонија во Европската Унија по последните забелешки на Брисел дека нема напредок во реформите? Бесими потенцираше дека соработката со коалициониот партнер е добра и дека се преземаат сите напори да се олесни патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

На седницата можеа да се слушнат и прашања поврзани со реформите на здравствениот систем, безбедносната состојба во Лојане, но и за локални теми и работата на општините. Сепак имаше и пратеници кои беа задоволни од одговорите на владините претставници.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG