Достапни линкови

Спорот за името во фокусот на дневниот печат


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.

Изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Софија дека последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц бил „Горна Македонија“ и реакциите за тоа се на насловните страници на сите дневни весници.

Се чини дека овде, во Македонија, се научивме на „чуда“ - и тоа што траат само три дена. Утрински наслови дека Ахмети во Софија го обелоденил последниот предлог на Метју Нимиц кој досега беше тајна: „Предлогот е Горна Македонија“. Истиот весник објавува и наслов: „Владата молчи за Горна Република Македонија“ - всушност, писмената реакција на Владата во која се вели дека нема да коментира или да шпекулира за деталите на процесот за изнаоѓање заемно прифатливо решение.
Ахмети со речникот на Рикер - од Владата велат дека биле информирани, но не и координирани со лидерот на ДУИ околу ставовите што ги изнесува надвор.
Утрински весник.

Архивска фотографија: Претседателот на ДУИ Али Ахмети со амбасадорот на САД, Пол Волерс во седиштето на партијата во Тетово.
Архивска фотографија: Претседателот на ДУИ Али Ахмети со амбасадорот на САД, Пол Волерс во седиштето на партијата во Тетово.
Вечер на иста линија: „Лицитирањето со предлози им штети на преговорите“ - пишува весникот и објавува мислења на аналитичари кои сметаат дека е беспредметно Македонија да се изјасни за каков и да е предлог пред тоа да го стори официјална Атина, која го креираше овој спор.
Здружена кампања од југ и од исток - Македонија е грчка, но со бугарска историја?
Дневник.

Во врска со престојот на Али Ахмети во Софија, Утрински оди со наслов: „Ахмети со речникот на Рикер - од Владата велат дека биле информирани, но не и координирани со лидерот на ДУИ околу ставовите што ги изнесува надвор“. Во истиот текст весникот наведува дека сè уште е рано да се каже дали станува збор за паралелна дипломатија околу спорот за името на коалициониот партнер или за блеф што треба да доведе до некоја политичка разврска во интерес на двете партии на власт.

Утрински забележува и дека „ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сè помалку се разбираат - во последното интервју премиерот Груевски истапи со остра реторика кон коалицискиот партнер ДУИ и призна дека меѓу двете партии сè помалку има разбирање“.

Инаку, следејќи ги средбите на Ахмети во Софија, Нова Македонија гледа благонаклоно кон шефот на бугарската дипломатија: „Умерениот Вигенин е шанса за Македонија“.

Дневник, пак, со друго расположение: „Здружена кампања од југ и од исток - Македонија е грчка, но со бугарска историја?“ - насловува весникот поттикнат од последните панмакедонски изјави на грчките иселеници на собирот во Атина.

Утрински прави анализа на посетите на странци со звучни имиња на земјава, божем да инвестираат, ама „ни останаа само надежите за инвестиции“ - пишува и во насловот вели: „Дојдоа, видоа, најавија и си заминаа“. Сите медиуми го забележаа доаѓањето на Субрата Рој, по втор пат, во земјава. „Во Македонија сум со големи планови и амбиции“ - ги цитира Вечер неговите зборови по пристигнувањето на охридскиот аеродром.

Во меѓувреме, Обвинителството го затвори случајот со загинувањето на Никола Младенов со образложение дека било несреќен случај - објавија сите медиуми.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG