За дел од експертите, почести средби и разговори меѓу власта и опозицијата би помогнале за забрзување на разговорите за спорот за името, а внатрешното единство за ова прашање дава поголеми шанси за напредок во преговорите. Универзитетскиот професор Димитар Мирчев смета дека големи несогласувања меѓу власта и опозицијата нема. Вели дека внатрешен консензус не е неопходен, оти, како што додава, предлозите ги дава посредникот, а не засегнатите страни.
„Се работи можеби за динамиката, за методите каде што нормално е опозицијата да биде нешто понервозна, да сака и некој поен да собере во јавноста, меѓутоа начелни разлики ми се чини дека нема. Посредникот ги дава предлозите, а не ние. Според тоа, воопшто не се работи за тоа да седнат опозицијата и власта, да дојдат до некој предлог кој утре, пак, грчката страна веднаш ќе го отфрли“, вели Мирчев.
За разлика од ваквите тврдења, Рамадан Рамадани од институтот Нисма вели дека средбите меѓу власта и опозицијата нема да променат ништо. И досега имаше обиди за заедничка стратегија за преговорите, но секој од нив заврши без успех, вели политичкиот аналитичар Рамадани.
„Има начелно несогласување и околу тоа за што се однесува всушност спорот за името. Единствено нешто што може да се направи е вклучувањето на претставник на опозицијата во тимот за преговори за името“, вели Рамадани.
Критиките за немањето транспарентност околу разговорите, како и таинственоста на последните предлози на медијаторот Метју Нимиц, според Мирчев не се оправдани. Иако потенцира дека разговорите ги води државното водство, а не јавноста и политичките партии, сепак додава дека почестите средби меѓу власта и опозицијата се добра идеја за подобра информираност на опозицијата за самиот процес.
„Некој не бил запознаен со последните предлози на господинот Нимиц, па и не мора секој да биде запознаен. Во крајна линија, преголемо протекување на информации може да им штети на разговорите“, вели Мирчев.
Според Рамадани, исто како и многу други прашања, така и прашањето за името станува алатка за политичка манипулација во рацете на политичките партии. И ова прашање, вели Рамадани, се користи за добивање на политички поени на домашен терен.
„Како да недостасуваше искрена волја од партиите на власт да се реши ова прашање со што би се затворила една голема капија од каде тие имаат непресушен извор на политичко манипулирање во текот на своите оправдување на политичките порази, а пред сè поврзани со евроинтеграциите“, вели Рамадани.
Токму прашањето за името и можниот компромис беше дел од партиските препукувања викендов. Прво потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска изјави дека со политичка волја може да се дојде до компромисно решение кое не смее да го загрози националниот идентитет и интереси. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа Шеќеринска да каже кој е компромисот што Грција ќе го прифати, а нема да ги загрози нашите национални интереси.
Се работи можеби за динамиката, за методите каде што нормално е опозицијата да биде нешто понервозна, да сака и некој поен да собере во јавноста, меѓутоа начелни разлики ми се чини дека нема. Посредникот ги дава предлозите, а не ние. Според тоа, воопшто не се работи за тоа да седнат опозицијата и власта, да дојдат до некој предлог кој утре, пак, грчката страна веднаш ќе го отфрли.Димитар Мирчев, универзитетски професор.
„Се работи можеби за динамиката, за методите каде што нормално е опозицијата да биде нешто понервозна, да сака и некој поен да собере во јавноста, меѓутоа начелни разлики ми се чини дека нема. Посредникот ги дава предлозите, а не ние. Според тоа, воопшто не се работи за тоа да седнат опозицијата и власта, да дојдат до некој предлог кој утре, пак, грчката страна веднаш ќе го отфрли“, вели Мирчев.
За разлика од ваквите тврдења, Рамадан Рамадани од институтот Нисма вели дека средбите меѓу власта и опозицијата нема да променат ништо. И досега имаше обиди за заедничка стратегија за преговорите, но секој од нив заврши без успех, вели политичкиот аналитичар Рамадани.
Има начелно несогласување и околу тоа за што се однесува всушност спорот за името. Единствено нешто што може да се направи е вклучувањето на претставник на опозицијата во тимот за преговори за името.Рамадан Рамадани, политички аналитичар.