Достапни линкови

Стратешко партнерство со САД, кокетирање со Исток


Премиерот Никола Груевски на средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Пекинг на 2 јули 2013.
Премиерот Никола Груевски на средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Пекинг на 2 јули 2013.

Бара ли Македонија нови стратешки партнерства на Исток или се обидува да ја зајакне економската соработка со земјите што и покрај кризата остваруваат економски раст?

По зачестените посети на македонскиот државен врв на Кина, Русија и на државите од Истокот, дел од аналитичарите коментираат дека Македонија ја врти својата надворешна политика кон Исток, додека за други, стратешки партнер на земјава се САД, но добро е што Македонија работи на продлабочување на односите со земјите во развој.
Евроатлантските интеграции се носечки столб на мултиетничноста на државата и на општиот развој. Ако се урива тој столб, јас мислам дека, не само што не постои алтернатива, туку тешко дека ќе постои и државата.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Вртењето кон Исток, впрочем беше најавено и во владината програма 2011-2015 која премиерот Никола Груевски пред точно две години, ја претстави пред Собранието.
Средба на претседателот Ѓорѓе Иванов со премиерот на Катар - Шеик Хамад бин Џасмин бин Џабор Ал-Тани во Доха, Катар на 28 јануари 2013.
Средба на претседателот Ѓорѓе Иванов со премиерот на Катар - Шеик Хамад бин Џасмин бин Џабор Ал-Тани во Доха, Катар на 28 јануари 2013.

„Владата ќе продолжи да го негува и продлабочува стратешкото партнерство со САД, ќе се залага за продлабочување на пријателските односи со Руската Федерација, Народна Република Кина, Израел, Турција и Словенија, како и унапредување на билатералната соработка со Полска“, стои во програмата.

Во програмата се наведува дека согласно финансиските можности ќе се разгледаат опциите за отворање амбасади во Јапонија, Бразил и во Казахстан, како и конзулат во Перт(Австралија). Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев пред неколку дена изјави дека се работи на отворањето на овие амбасади.
самата криза во ЕУ го наметна тоа. Не е тоа случај само со Македонија, туку и со самите европски држави кои од економски интереси и во потрага по инвестиции сè повеќе се вртат и кон Кина и кон Русија и кон Бразил и кон другите држави надвор од Европа, а кои имаат значителен економски раст.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали вели дека градење стратешко партнерство надвор од чадорот на НАТО е неефикасно и оти тоа сите го знаат.

„Претпоставувам дека се работи за политички блеф, зашто по никои индикации Истокот не е алтернатива на евроатлантските интеграции. Јас мислам дека евроатлантските интеграции се носечки столб на мултиетничноста на државата и на општиот развој. Ако се урива тој столб, јас мислам дека, не само што не постои алтернатива, туку тешко дека ќе постои и државата“, вели Биљали.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, пак, вели дека не значи дека ако САД и ЕУ се стратешки партнери, Македонија не треба да комуницира со другите земји.

„Едноставно самата криза во ЕУ го наметна тоа. Не е тоа случај само со Македонија, туку и со самите европски држави кои од економски интереси и во потрага по инвестиции сè повеќе се вртат и кон Кина и кон Русија и кон Бразил и кон другите држави надвор од Европа, а кои имаат значителен економски раст“, вели Божиновски.

Тој потсетува дека пред извесно време Италија потпиша стратешки договор за инвестиции со Катар и оти Грција има таков договор со Кина, а Италија и Грција се членки и на ЕУ и на НАТО.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG