И македонските бизнисмени бараат исти поволности како странските, по најавата дека владата е на идеја да отстапи една индустриска зона на менаџирање на кинеска компанија. Македонија треба да обезбеди надворешна инфраструктура, а Кинезите да изградат внатрешна зона и да донесат инвеститори.
Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори на Македонија вели дека владата треба да стори сè за да привлече странски инвеститори, но да води сметка домашните и странските инвеститори да имаат исти услови за инвестирање.
„На македонската економија и се потреби инвестиции без разлика дали се странски или домашни, дури мала предност треба да имаат домашните инвестиции затоа што профитот од домашните компании останува во земјата, а профитот од странските инвестиции по закон, ќе си оди надвор од земјата“, вели Чекреџи.
Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија вели дека привлекувањето на странски инвестиции има поголема политичка позадина, отколку економска. Тој вели дека Македонија мора да се претстави како добар домаќин и да му прати порака на светот дека е политички и економски стабилна земја.
„Тука не станува збор за економски фер односи, туку станува за добра промоција на економските можности во земјата, така што не може да се мери еднострано потегот на владата во поглед на привлекување на странски инвестиции виз-а-ви домашните инвеститори. Во Македонија веќе постојат слободни економски зони во кои ние како бизнис заедница настојуваме да ја отвориме вратата и за домашни инвеститори под еднакви услови“, вели Бошков.
Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски зони Виктор Мизо вели дека не гледа оти постои отпор кај домашните компании за вакви проекти. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека бенефитот за Македонија од ваквата зона е што ќе се вработуваат македонски граѓани и што инвестициите ќе влијаат врз растот на извозот. Ѓорѓиев објаснува дека се одлучиле да и дадат ваква понуда на Кина, бидејќи анализите покажале оти Кинезите најчесто го користат тој принцип за влегување на други пазари.
Мала предност треба да имаат домашните инвестиции затоа што профитот од домашните компании останува во земјата.Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори на Македонија.
Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори на Македонија вели дека владата треба да стори сè за да привлече странски инвеститори, но да води сметка домашните и странските инвеститори да имаат исти услови за инвестирање.
„На македонската економија и се потреби инвестиции без разлика дали се странски или домашни, дури мала предност треба да имаат домашните инвестиции затоа што профитот од домашните компании останува во земјата, а профитот од странските инвестиции по закон, ќе си оди надвор од земјата“, вели Чекреџи.
Тука не станува збор за економски фер односи, туку станува за добра промоција на економските можности во земјата.Миле Бошков, Бизнис конфедерација на Македонија.