Достапни линкови

Економијата заздравува, сиромаштијата останува


Презентација на редовниот Економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа.
Презентација на редовниот Економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа.

Во најновиот регионален извештај на Светска Банка се наведува дека економијата во регионот заздравува, но дека тоа сепак не влијае на намалувањето на стапката на сиромаштија, ниту на стапката на невработеност.

Регионот на Југоисточна Европа преминува од двојна рецесија во 2012 година во ранлив раст во 2013, објави Светска Банка во најновиот регионален извештај. Ова се однесува и на Македонија, потврди новиот директор на оваа институција во Македонија, Татјана Проскурикова. Во проекциите за 2013 за Македонија се прогнозира раст од 1,4 проценти, што според Проскурикова е реална проекција која произлегува од наведениот заклучок.
Овие проекции не се сосема прецизни, се менуваат и ние секогаш ги ревидираме. Тие ревизии не се драматични, но постои блага нагорна линија. Тоа се базира на нашите проекции за директни странски инвестиции во Македонија. Но пораката е иста и за Македонија како и за останатите земји во регионот е дека излегува од двојната рецесија и влегува во ранлив раст.
Татјана Проскурикова, Светска Банка.

„Овие проекции не се сосема прецизни, се менуваат и ние секогаш ги ревидираме. Тие ревизии не се драматични, но постои блага нагорна линија. Тоа се базира на нашите проекции за директни странски инвестиции во Македонија. Но пораката е иста и за Македонија како и за останатите земји во регионот е дека излегува од двојната рецесија и влегува во ранлив раст. “

Заздравувањето на економиите во земјите од регионов сепак не влијае на намалувањето на стапката на сиромаштија ниту на стапката на невработеност во сите земји од регионов. Напротив, невработеноста кај младите е уште полоша и е повеќе од двапати поголема од националното ниво, се вели во извештајот, а сиромаштијата и натаму е висока и она што се нарекува умерена сиромаштија а која подразбира од 2,5 до 5 долари дневен приход изнесува од 22–26 проценти.

Во Македонија степенот на сиромаштија изнесува 32,2 проценти, стапката на невработеност минатата година е проценета на 31,2 проценти, а 53 проценти од младите се невработени. Она што е неопходно, порачува Светската Банка е да се создадат услови за отворање нови работни места и да се премости дисхармонијата меѓу она што се бара на пазарот и она што се нуди, при што треба да се обрне внимание на образовните програми кои создаваат кадри. Она што исто така е проблем за отворање нови работни места е високиот данок на трудот кој што се плаќа во целиот регион при што треба да се работи на создавање одржливи системи за социјално и здравствено осигурување. Ориентирање кон поголем извоз и фискална консолидација е клучно за зајакнување на регионалните економии, порачува Светската Банка.
XS
SM
MD
LG