Привлекувањето на странските инвестиции и нивната ефикасност не зависи од големината на земјата од која барате инвеститори, туку од тоа што е таргет на таквата политика и каква стратегија води државата во насока на привлекување на странски инвеститори, коментираат економските аналитичари по заминувањето на владината делегација во Кина. Токму таму деновиве премиерот Никола Груевски ги објаснува серијата мерки и поволности што им се нудат на инвеститорите, ниските даноци и трошоци за правење бизнис во Македонија, но експертите се сомневаат во ефектите кои ваквите патувања ќе ги имаат врз домашната економија.
„Веројатноста дека во поголеми економии почесто се наоѓаат интересни инвеститори е чисто веројатност, но големината сепак ништо не значи. Целото тоа е пак во пропагандна цел за домашната јавност“, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов, кој е и потпретседател на СДСМ.
За да донесете инвеститор во земјава, треба да му обезбедите стабилна бизнис клима. Никој не сака да инвестира таму каде што е ризично, вели професор Сеадин Џафери, според кого тешко е да се очекуваат позитивни резултати и од ова патување во далечната Кина.
„Прво треба ние да средиме некои работи тука дома за да после може и странците како што се Кинезите или кој било на земјината топка да да се заинтересираат и на некој начин да инвестираат, бидејќи никој не инвестира на ризични терени“, вели Џафери.
Според Узунов, досега немало позитивни промени од напорите на Владата за привлекување странски инвестиции, оти, како што вели, таа нема стратегија во која јасно ќе се утврдат причините зошто конкретно некоја земја би била заинтересирана да инвестира во земјата.
„Дали јавно ќе се потпише договор или нема да се потпише договор е ирелевантно, тоа е политички маркетинг. Она што го гледаме е дека нема нешто многу на позитивно сменето од сите досегашни наводни владини напори да привлече странски директни инвестиции“, вели Узунов.
Иако посочуваат дека ваквите владини патувања чинат доста, експертите велат дека отсуствува целосна анализа за тоа колку е потрошено, а колку е добиено од нив и оти доколку се изработи таква анализа резултатот би бил негативен.
„Се знае дека патувањата чинат доста. Некогаш дури и повратот на тие пари, па и во случај на привлекување на инвестиции, тешко дека ќе биде оправдан“, вели Џафери.
Според нашите соговорници, ваквите далечни патувања на владините претставници во обид да се промовира Македонија како инвестициски рај се неубедливи и несериозни. Пред Кина, македонската владина делегација имаше роуд шоуа во Русија, во Естонија, во Соединетите Држави, но и во Азербејџан, Бразил, Аргентина и Мексико.
Веројатноста дека во поголеми економии почесто се наоѓаат интересни инвеститори е чисто веројатност, но големината сепак ништо не значи. Целото тоа е пак во пропагандна цел за домашната јавност.Ванчо Узунов, универзитетски професор, потпретседател на СДСМ.
„Веројатноста дека во поголеми економии почесто се наоѓаат интересни инвеститори е чисто веројатност, но големината сепак ништо не значи. Целото тоа е пак во пропагандна цел за домашната јавност“, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов, кој е и потпретседател на СДСМ.
За да донесете инвеститор во земјава, треба да му обезбедите стабилна бизнис клима. Никој не сака да инвестира таму каде што е ризично, вели професор Сеадин Џафери, според кого тешко е да се очекуваат позитивни резултати и од ова патување во далечната Кина.
Прво треба ние да средиме некои работи тука дома за да после може и странците како што се Кинезите или кој било на земјината топка да да се заинтересираат и на некој начин да инвестираат, бидејќи никој не инвестира на ризични терени.Сеадин Џафери, универзитетски професор.