Минатата година беа скандинавските земји, Кина, Русија, Италија, Соединетите Држави... Сега на ред ред дојде Азербејџан. Денеска и утре владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ќе се обиде да привлече странски инвеститори од далечниот Азербејџан, а веќе следната недела своето роуд шоу ќе го продолжи во Бразил, Аргентина и Мексико.
Нема ништо лошо во тоа Владата да ја презентира Македонија како земја која е добро место за инвестиции, но со оглед на ефектите од досегашните вакви потфати, ширењето на мрежата низ Јужна Америка и Азербејџан е очајнички потег на Владата во потрагата и лов на странски инвестиции, вели универзитетскиот професор Сашо Арсов.
„Тоа е веќе малку, според мене, очајничко, затоа што ако вие во поблиските земји или во поголемите економии не успевате да најдете инвеститори, сега ги барате некаде каде што е прилично сомнително колку ги има и што може да се добие од таму. Треба да се преиспита стратегијата дали е тоа потребно“, вели Арсов.
Од бројните приоритети на кои земјава сериозно треба да работи за да си овозможи влез во Европската унија, таа се фокусира на привлекувањето странски инвестиции, вели политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани. Се сомневам дека моменталното патување на владината делегација е само една послеизборна прошетка, која ќе заврши без конкретни резултати, вели Рамадани.
„Тоа е секако обврска на владата, но мислам дека константните институции, како што се Министерството за надворешни работи и нашите амбасади треба да имаат повеќе удел во оваа работа, а од друга страна одат делегации кои се скапо платени и трошат многу пари“, вели Рамадани.
Правната несигурност, корупцијата, административните процедури се дел од причините поради кои странските брендови дури и кога ќе најават дека би дошле во Македонија, се премислуваат и тоа не го правата, велат нашите соговорници.
„Во секој случај, работењето на намалување на корупцијата, сигурност на судскиот систем итн. се фактори кои што многу влијаат. Не верувам дека тука многу сме постигнале“, вели Арсов.
„Правната несигурност е фактор број еден за реализирање на инвестициите, затоа што замислете некој да даде милијарда долари во една земја каде што еден Управен суд одлучува со кревање раце и со гласање“, изјави Рамадани.
По Бразил и Аргентина, следното роуд шоу на Владата е планирано за Франција, Швајцарија и Германија, а по Европа следуваат Кувајт и Оман. Летни таргет дестинации се Естонија, Латвија и Русија, во септември поврторно Америка, а агендата е предвидено да заврши со Дубаи и Абу Даби. Според упатените, ефектите од досегашните вакви шоуа не се задоволителни. Според податоците на Народната банка странски директни инвестиции лани изнесуваа 105 милиони евра, а од нив речиси половина или 45 милиони евра влегле во декември. Конкретни инвестиции од Катар сè уште нема и покрај зачестените средби меѓу премиерот и шеикот од Катар, како и интересот и најавите од катарските бизнисмени минатата година.
Тоа е веќе малку, според мене, очајничко, затоа што ако вие во поблиските земји или во поголемите економии не успевате да најдете инвеститори, сега ги барате некаде каде што е прилично сомнително колку ги има и што може да се добие од таму. Треба да се преиспита стратегијата дали е тоа потребно.Сашо Арсов, универзитетски професор.
Нема ништо лошо во тоа Владата да ја презентира Македонија како земја која е добро место за инвестиции, но со оглед на ефектите од досегашните вакви потфати, ширењето на мрежата низ Јужна Америка и Азербејџан е очајнички потег на Владата во потрагата и лов на странски инвестиции, вели универзитетскиот професор Сашо Арсов.
„Тоа е веќе малку, според мене, очајничко, затоа што ако вие во поблиските земји или во поголемите економии не успевате да најдете инвеститори, сега ги барате некаде каде што е прилично сомнително колку ги има и што може да се добие од таму. Треба да се преиспита стратегијата дали е тоа потребно“, вели Арсов.
Правната несигурност е фактор број еден за реализирање на инвестициите, затоа што замислете некој да даде милијарда долари во една земја каде што еден Управен суд одлучува со кревање раце и со гласање.Рамадан Рамадани, аналитичар.