Достапни линкови

Дали на Америка и треба надворешна политика?


„Дали на Америка и треба надворешна политика?“. Ова е насловот на книгата на Хенри Кисиџер, објавена неколку месеци пред терористичките напади на 11 септември 2001 година. Еден познат критичар ваквиот наслов тогаш го оцени за „чуден“, коментира весникот Вол Стрит Џурнал.

Но, насловот не беше чуден. Тој е фундаментален. И пророчки, се наведува во кометарот на Вол стрит Џурнал во кој се објаснува:

„Тој тогаш ги предвиде Барак Обама и Америка за која тој се залага. Тоа е Америка која е некаде помеѓу млако мешање и среќна рамнодушност што светот зад нејзините брегови е во растечко лоша состојба.

Иран е блиску до атомска бомба? Можеби е неизбежно. Хемиско оружје се користи во конфликтот во Сирија? Нивен проблем.

Исламистите го освојуваат Арапскиот свет? Тоа е нивна демократија и ќе треба сами да ја спроведуваат. Владимир Путин репризира монтирани судења во Москва? Штета. Кина флертува со војна против Јапонија? Би требало сами да си се справат со тоа.

Ајде да се соочиме со вистината: Америка во оваа ера на Обама нема надворешна политика. Тоа се надворешно политички импулси и надворешно политички апарат кој се лула на брановите на дневните настани.
Што се однесува до Соединетите држави, ние практично банкротиравме. А надворешата политика почнува дома, потсетува во својата најнова книга, никој друг туку претседателот на Советот за надворешни односи Ричард Хас.

Америка секогаш спроведувала надворешна политика во која таа им била модел на другите, а не играч заедно со нив.

„Генерацијата американски лидери по Студената војна откри дека е можно надворешната политика да е или економска политика или содржи инструкции за преостанатиот свет за американските доблести“, пишува Кисинџер во книгата.

Беше малку суетно од администрацијата на Обама, кога прв пат стапи на власт, да каже оти проблемот на американската надворешна политика всушност е проблем на однос со јавноста и оти комбинацијата на неатрактивни политики како Гвантанамо, недозволени прислушувања, тортура, и неатрактивен претседател само ги зголемија проблемите.

Лекот? Обамовата успокоителна реторика, неговата неодолива биографија и неговата добра волја. Но, со тоа американските проблеми со Русија, Иран и Арапскиот свет се влошија.

Најмногу, бидејќи администрацијата немаше политика. Понекогаш ниту објаснувања, на пример зошто Вашингтон интервенираше во Либија, а не и во Сирија.

Ајде да се соочиме со вистината: Америка во оваа ера на Обама нема надворешна политика. Тоа се надворешно политички импулси и надворешно политички апарат кој се лула на брановите на дневните настани.

Бидејќи се уште не сме се превртеле, значи вака можеме да одиме уште долго време, можеби и вечно.

Еден од парадоксите на нашиот хиперповрзан свет е тоа што се уште се преправаме дека остатокот на светот е многу, многу далеку.

Насекаде во светот, повеќето земји страдаат бидејќи премногу и предолго се сеќаваат. Америка, се чини страда од спротивна болка: Ние малку и слабо памтиме. Дали на Америка и е потребна надворешна политика, заклучува весникот Вол Стрит Џурнал.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG