Ни праќаат абери дека ДУИ може во секој момент да ја извадат од Владата и со тоа Владата да падне, но ние сме подготвени на сè, вели во интервјуто за Дневник премиерот Никола Груевски, објавено во моментот кога Македонија, по долги години не е ни на дневен ред на самитот на ЕУ во Брисел.
Ермира Мехмети Деваја од ДУИ вели дека изјавата на Груевски е за да се дефокусира јавноста кога се бара сериозна одговорност од домашните институции поради потфрлувањето во евроинтегративниот процес.
„Во принцип не мислам дека треба нешто посебно да се коментира во таа изјава, затоа што ја гледам како изјава за дневно политички цели и намери, но би рекла дека ДУИ е сериозен политички фактор која не седи во Владата поради ничии потреби, интереси, притисоци или, пак, сценарија, туку седи во Владата затоа што тоа е избор на граѓаните и гласачите Албанци во Република Македонија“, вели таа.
Според Мехмети Деваја никој не треба да ја оспорува нивната посветеност која е докажана и не е коректно партнерството што го гради ДУИ со меѓународната заедница да се обезвреднува и потценува. Не верувам во сценарија за заговори, вели таа.
„Оценката или одлуката на ДУИ дали да остане или да ја напушти владата би дошла и би требало да дојде како резултат на политичка оценка и подлабока анализа во рамките на партиските структури и партиските форуми. Во овој момент не гледам дека има такво нешто“, вели Мехмети Деваја.
Груевски вели дека кога некој треба да е крив, најмалиот и да не е, ќе го направат, и за да се оправда тоа, меѓународните експерти подготвуваат негативни извештаи за Македонија.
Професорот Стево Пендаровски, кој е член на Советот за НАТО интеграции и безбедност на СДСМ, вели дека премиерот комплетната одговорност ја префрла секаде на друго место освен на адресата на владата.
„Меѓународните извештаи се такви затоа што состојбата во Македонија не чини, а не зашто некој дополнително притиска за спорот со името, впрочем и во самото интервју премиерот вели дека фокусот кај големите сили воопшто не е на тоа прашање, така што тие не би штелувале свој извештај за да направат притисок врз Македонија, ако тоа не им е приоритетно прашање“, вели Пендаровски.
Професор Здравко Савески вели дека коментарот на премиерот Груевски е само изговор, бидејќи на секого на кого му се познати стандардите на демократијата му е јасно дека се кршат сите процедури и затоа Македонија добива негативни оценки.
„Реалноста е таа дека Македонија со процесот на намалување на демократијата сама си ги затвора вратите кон Европа, без разлика дали е тука грчкото вето, бугарското блокирање, Македонија и нејзината влада е најодговорна за запирањето на евроинтегративниот процес“, вели Савески.
Пендаровски смета дека конфронтацијата на Груевски со меѓународната заедница датира од пред неколку години, иако интервјуто не е со таа цел.
„Ова се интервјуа кои се даваат не заради меѓународната зедница, туку за домашна политичка потреба, за домашниот електорат. Комуникација меѓу Македонија и меѓународна заедница практично не постои освен формална. Така што, ова не е порака до Брисел и до Вашингтон, затоа што комуникација е прекината многу одамна, зборувам за суштинска комуникација. Ако забележувате, во интервјуто повеќе се спомнуваат во негативен контекст домашни политички актери, отколку некои други луѓе од меѓународната зедница, што би било логично ако станува збор за спорот за името“, вели Пендаровски.
Според Савески, сè повеќе се докажува како факт дека власта не сака Македонија да стане членка на ЕУ, бидејќи тогаш одредени практики кои ја кршат демократијата нема да може натаму да бидат спроведувани.
„Оваа конфронтација која е сè поголема од македонската влада кон ЕУ е фактички показател на неподготвеноста и немањето волја на македонската влада навистина да работи за Македонија да стане членка на ЕУ“, вели Савески.
Пендаровски порачува дека изјавите на Груевски воопшто не се разликуваат со оние на турскиот премиер кој е предмет на слични критики за состојбата со демократијата, како и на други лидери со автократски тенденции, кои никогаш не признаваат дека погрешиле.
Во принцип не мислам дека треба нешто посебно да се коментира во таа изјава, затоа што ја гледам како изјава за дневно политички цели и намери, но би рекла дека ДУИ е сериозен политички фактор која не седи во Владата поради ничии потреби, интереси, притисоци или, пак, сценарија, туку седи во Владата затоа што тоа е избор на граѓаните и гласачите Албанци во Република Македонија.Ермира Мехмети Деваја, ДУИ.
Ермира Мехмети Деваја од ДУИ вели дека изјавата на Груевски е за да се дефокусира јавноста кога се бара сериозна одговорност од домашните институции поради потфрлувањето во евроинтегративниот процес.
„Во принцип не мислам дека треба нешто посебно да се коментира во таа изјава, затоа што ја гледам како изјава за дневно политички цели и намери, но би рекла дека ДУИ е сериозен политички фактор која не седи во Владата поради ничии потреби, интереси, притисоци или, пак, сценарија, туку седи во Владата затоа што тоа е избор на граѓаните и гласачите Албанци во Република Македонија“, вели таа.
Меѓународните извештаи се такви затоа што состојбата во Македонија не чини, а не зашто некој дополнително притиска за спорот со името, впрочем и во самото интервју премиерот вели дека фокусот кај големите сили воопшто не е на тоа прашање, така што тие не би штелувале свој извештај за да направат притисок врз Македонија, ако тоа не им е приоритетно прашање.Стево Пендаровски, универзитетски професор, член на Советот за НАТО интеграции и безбедност на СДСМ.
Според Мехмети Деваја никој не треба да ја оспорува нивната посветеност која е докажана и не е коректно партнерството што го гради ДУИ со меѓународната заедница да се обезвреднува и потценува. Не верувам во сценарија за заговори, вели таа.
„Оценката или одлуката на ДУИ дали да остане или да ја напушти владата би дошла и би требало да дојде како резултат на политичка оценка и подлабока анализа во рамките на партиските структури и партиските форуми. Во овој момент не гледам дека има такво нешто“, вели Мехмети Деваја.
Груевски вели дека кога некој треба да е крив, најмалиот и да не е, ќе го направат, и за да се оправда тоа, меѓународните експерти подготвуваат негативни извештаи за Македонија.
Професорот Стево Пендаровски, кој е член на Советот за НАТО интеграции и безбедност на СДСМ, вели дека премиерот комплетната одговорност ја префрла секаде на друго место освен на адресата на владата.
Реалноста е таа дека Македонија со процесот на намалување на демократијата сама си ги затвора вратите кон Европа, без разлика дали е тука грчкото вето, бугарското блокирање, Македонија и нејзината влада е најодговорна за запирањето на евроинтегративниот процес.Здравко Савески, универзитетски професор.