Достапни линкови

Девојчето и пијаното


Томислав Ортаковски, програмски асистент во Полио Плус – движење против хендикеп.
Томислав Ортаковски, програмски асистент во Полио Плус – движење против хендикеп.

Во меѓувреме, девојчето се стекна со основно и средно образование – и двете редовни. И не само тоа. Само затоа што ја имаше можноста да биде дел од редовниот образовен процес, успеа да ја открие својата музичка дарба и денес е европски позната пијанистка, но истовремено служи и како пример за сите лица со хендикеп дека хендикепот не постои во индивидуата, туку во неговата околина, пишува Томислав Ортаковски, програмски асистент во Полио Плус – движење против хендикеп, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Пред повеќе од 10 години, родителите на едно слепо девојче пробаа да го запишат во едно скопско основно училиште. Иако имаше законска обврска, директорката на тоа училиште категорично одби, со изговор дека слепи деца не припаѓаат во „нормални училишта“, дека децата ќе ја закачкаат и исмеваат, дека нема да може да се движи низ ходниците и по скалите и дека ќе се повредува. Демек, директорката се грижи за психичкото и физичкото здравје на девојчето и нејзината побуда за противзаконското однесување е алтруистичка, праќајќи го девојчето во специјално училиште.
Во меѓувреме, девојчето се стекна со основно и средно образование – и двете редовни. И не само тоа... Само затоа што ја имаше можноста да биде дел од редовниот образовен процес, успеа да ја открие својата музичка дарба и денес е европски позната пијанистка, но истовремено служи и како пример за сите лица со хендикеп дека хендикепот не постои во индивидуата, туку во неговата околина – доколку се овозможат потребните услови за надминување на физичките, менталните и стереотипните бариери во околината, општеството и индивидуите како соодветната директорка, лицата со хендикеп се способни да постигнат неверојатни успеси.

За среќа, родителите на девојчето одбија да се откажат од основното човеково право на нивната ќерка да добие соодветно образование и активно побараа помош од медиумите и граѓанскиот сектор кој се занимава со заштита на човековите права и правата на децата. За потсетување, тогаш Народниот правобранител не беше етаблирана институција, а Комисијата за заштита од дискриминација воопшто не беше ниту во план да постои.

После неуморниот притисок од страна на претседателот на една граѓанска организација за заштита на правата на детето врз директорката да го почитува законот и да дозволи детето да посетува редовно училиште (?!), му беше соопштено дека единствен начин да дозволи запишување на девојчето е доколку министерот за образование тоа го „нареди“. И сосема нормално, министерот тоа и го „нареди“, директорката беше приморана да попушти и, набрзо после тоа, ја заврши својата директорска кариера. А, да, и другарчињата од одделението, како и сите деца во училиштето, секогаш ѝ помагаа и ги играа заедно сите детски игри.

Во меѓувреме, девојчето се стекна со основно и средно образование – и двете редовни. И не само тоа... Само затоа што ја имаше можноста да биде дел од редовниот образовен процес, успеа да ја открие својата музичка дарба и денес е европски позната пијанистка, но истовремено служи и како пример за сите лица со хендикеп дека хендикепот не постои во индивидуата, туку во неговата околина – доколку се овозможат потребните услови за надминување на физичките, менталните и стереотипните бариери во околината, општеството и индивидуите како соодветната директорка, лицата со хендикеп се способни да постигнат неверојатни успеси.

Но, каде нé остава тоа нас, во 2013 година? Имаме далеку помодерни училишта отколку пред 10-ина години – компјутер за секое дете, пристапни рампи до влезот во училиштата, нешто поголема свест околу прашањето на хендикепот кај наставничкиот кадар... Да, секое дете има компјутер, но ниту еден компјутер нема ниту хардвер, ниту софтвер за да можат и слепи деца да го користат. Да, постојат пристапни рампи до најголемиот број од училиштата во Македонија, но внатрешноста на самите училишта не е прилагодена за движење, учење, ниту, пак, за следење на наставата од деца и млади со хендикеп. Да, свеста кај наставниците за хендикепот е нешто повисока, но, искрено, сте виделе ли некогаш наставник/професор во инвалидска количка, а да не биде тоа Стивен Хокинг? Сигурен сум дека ни наставниците не виделе...
Треба целосно да се напушти застарениот модел на специјално образование и постоечките специјални училишта да се пренаменат во ресурсни центри, каде децата со хендикеп ќе ги учат начините за надминување на својот хендикеп, на пример, слепите деца ќе учат ориентација во просторот, глувите – знаковен јазик, како и останати вештини соодветни за надминување на конкретниот хендикеп, било сетилен, било физички, било интелектуален.

Штотуку во нашата канцеларија влезе една девојка, која поради својот хендикеп морала одредено време да го паузира своето школување, но дојде да нé почести затоа што вонредно завршила средно медицинско училиште. И, сега, е во процес на барање на работа. Не е воопшто различно од кој било пример на лице без хендикеп, нели?

Можам уште да пишувам за изолирани примери на лица со хендикеп и родители на лица со хендикеп кои одбиваат да потклекнат пред флагрантното кршење на нивните човекови права. Но, со тоа нема ништо да постигнам. Горенаведените примери се успешни примери на индивидуи со хендикеп, кои само по своја заслуга и со голема помош од своите родители успеале да ги победат стереотипите и да дојдат до некое рамниште во општеството. Но, за сметка на овие успешни примери, постојат многу повеќе неуспешни и тажни приказни. Затоа, тука државата, во соработка со граѓанскиот сектор, треба да биде во преден план и на системски начин да ги заштити децата и младите со каков било вид на хендикеп во образовниот процес и да им ги овозможи потребните услови и сервиси за нивно целосно интегрирање во редовното образование. Треба целосно да се напушти застарениот модел на специјално образование и постоечките специјални училишта да се пренаменат во ресурсни центри, каде децата со хендикеп ќе ги учат начините за надминување на својот хендикеп, на пример, слепите деца ќе учат ориентација во просторот, глувите – знаковен јазик, како и останати вештини соодветни за надминување на конкретниот хендикеп, било сетилен, било физички, било интелектуален.

Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ОН во декември 2011 година и со тоа ги презема обврските од истата, вклучувајќи ја и обврската за целосно инклузивно образование на лицата со хендикеп. Со самото тоа се гледа волјата на државата да се зафати со решавање на проблемите на лицата со хендикеп и да им овозможи достоинствен живот, почитувајќи ги нивните основни човекови права, како во образованието, така и во сите други општествени сфери. Но, волјата не е доволна. Потребни се конкретни мерки кои ќе ја надоградат и реализираат таа волја. Секако дека ова подразбира реформа во овој дел од образованието која изискува финансиски средства. И, секако дека никој не очекува промената да се случи преку ноќ. Но, таа мора да почне да се случува. Впрочем, ако не инвестираме во нашите деца, во кого да инвестираме?
XS
SM
MD
LG