Достапни линкови

Државата да не остане слепа за потребите на слепите луѓе


Најголем проблем слепите луѓе во земјава е невработеноста. Од околу 2.500 членови на Сојузот на слепи, само 370 се вработени.

Канаринецот пее, го слушаат сите, папагалот зборува го галат сите, кучето е мило, сите си играат со него. Слепиот човек е фрлен од самата институција. Првин мислат дека ќе се заразат од слепиот човек и не сакаат да го водат, да му помагаат. Вака својата тага и гнев ги опишува прилепчанецот Киро Богојоски, кој речиси цел живот го минал во светот на темнината. Тој се жали дека во нашата држава не сe води доволно сметка за граѓаните со овој хендикеп.
Се наоѓаме во едно тешко време каде што вработувањето е на многу ниско ниво. Разговараме и со Владата и со Министерството, ако може слепите лица да се вработуваат и во јавната администрација, бидејќи таму можат најмногу да помогнат.
Жарко Селковски, претседател на Сојузот на слепи лица на Македонија.

„Проблем имам што немам доволно литература да читам, нема во Македонија, јас земам од Белград, од Загреб. Сакам класици, а замислете држава без култура, па и слепите треба да имаат наука, култура“, вели Богојоски.

Сузана Алиоска, пак, се жали дека изминала една и пол година откако не го добива додатокот за слепи.

„Не гледам кога е ден, кога е ноќ. Што може ова да биде, да не примам 1,5 година. А, во Центарот ми рекоа, не може да се прима, дека децата се во странство. Како тие да се издржуваат, но секој си има дечиња, си има куќа, не може мене да ме издржуваат“, се жали Алиоска.

Најголем проблем на преку 2.500 членови на асоцијацијата на слепи
Жарко Селковски
Жарко Селковски
е невработеноста.

„Тоа е најтешкото и најболното прашање. Се наоѓаме во едно тешко време каде што вработувањето е на многу ниско ниво. Разговараме и со Владата и со Министерството, ако може слепите лица да се вработуваат и во јавната администрација, бидејќи таму можат најмногу да помогнат“, оценува Жарко Селковски, претседател на Сојузот на слепи лица на Македонија.
Проблем имам што немам доволно литература да читам, нема во Македонија, јас земам од Белград, од Загреб. Сакам класици, а замислете држава без култура, па и слепите треба да имаат наука, култура.
Киро Богојоски, член на Сојузот на слепи.

Само 370 лица со бел стап добиле работно место, но не е мал бројот и на оние кои се злоупотребени и изиграни од работодавците при вработување во заштитните друштва.

„Се жалат нашите членови кои во заштитните организации се злоупотребени на некој начин, не им се даваат доволно средства, работат за 4-5 илјади денари, а мислам дека треба да добиваат повеќе“, вели Селковски.

Тој апелира до локалните власти за изгрaдба на дактилни патеки и звучни семафори во градовите, а до Владата за подобрување на севкупниот амбиент на граѓаните со бел стап. Да се остварат поголеми бенефиции во здравствената заштита, обезбедување на можност за присуство на придружник при нивно болнично лекување. Набавка на медицински реквизити за домашна употреба како звучен топломер, звучен апарат за притисок и мерење на нивото на шеќерот во крвта се дел од барањата на Сојузот на слепи лица.

Но, од Сојузот, сепак, ја потенцираат и досегашната соработка со Владата. Велат дека прифатени се нивните барања па согласно законот со почетокот на идната година на лицата со целосно оштетување на видот ќе им се исплаќа дополнителен паричен надоместок од 7.000 денари, а при распределба на социјалните станови, 10% ќе бидат наменети за слепите лица кои ги исполнуваат критериумите.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG