Достапни линкови

Со подмладена репрезентација против силната Шпанија


Македонските ракометарки се аутсајдери во двомечот против актуелниот освојувач на мундијалската и на олимписката бронза, Шпанија, но се надеваат на изненадување.

Со сериозно подмладен состав, женската ракометна репрезентација на Македонија го очекува претстојниот бараж за пласман на СП кое во декември годинава ќе се одржи во Србија.
Оваа промена во националниот тим беше неминовна. Оние ракометарки што не сакаат да играат за државниот тим ние не можеме ниту имаме зашто да ги молиме и да ги бараме. Тоа е нивна одлука. Затоа се подмладивме со млади ракометарки кои во брза перспектива треба да ги заменат. За натпреварот со Шпанија се подготвуваме сериозно и сум презадоволен од сите ракометарки кои беа повикани.
Гино Стрезовски, селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија.

Пречката на тој пат е Шпанија, на која в сабота (1 јуни) во Скопје и шест дена подоцна (7-ми јуни) во Сориа (Шпанија) ќе и се спротиставиме без долгогодишните репрезентативки Тања Андрејева, Јулија Николиќ и Драгана Пецевска. Тие и дефинитивно се повлекоа од националниот тим, кој ќе има тешка задача да го одржи континуитетот настапи на врвните меѓународни натпреварувања (последниот беше пред 6 месеци на ЕП во Србија). Тоа сега дури не е ни примарна цел, а за селекторот Гино Стрезовски најзначајно е час поскоро да се најде соодветна замена за оние без кои репрезентацијата сеуште не може да се замисли.
Архивска фотографија: Средба на претседателот Ѓорге Иванов со Гино Стрезовски, селектор на Македонската женска ракометна репрезентација.
Архивска фотографија: Средба на претседателот Ѓорге Иванов со Гино Стрезовски, селектор на Македонската женска ракометна репрезентација.

„Оваа промена во националниот тим беше неминовна. Оние ракометарки што не сакаат да играат за државниот тим ние не можеме ниту имаме зашто да ги молиме и да ги бараме. Тоа е нивна одлука. Затоа се подмладивме со млади ракометарки кои во брза перспектива треба да ги заменат. За натпреварот со Шпанија се подготвуваме сериозно и сум презадоволен од сите ракометарки кои беа повикани, од нивната работа и ангажираност. Сега ни останува уште една недела за ангажман околу тактичкиот дел, така да се надевам дека со Шпанија ќе влеземе комплетно подготвени“, изјави Стрезовски.
Атмосферата е супер. Сите сме сконцентрирани, гледавме касета, го учиме противникот да видиме каде се нивните слабости за да можеме да извлечеме поволен резултат.
Билјана Црвенкоска, ракометарка.

Слично размислува и една од нашите главни адути Билјана Црвенкоска. Според неа, новите лица во репрезентацијата немаат искуство, но имаат голем потенцијал и силни мотиви, што може да се искористи во двомечот со „фуријата“. Во тоа се уверила и на добро одработените десетдневни тренинзи во Дојран и во Скопје, на кои...

„Атмосферата е супер. Сите сме сконцентрирани, гледавме касета, го учиме противникот да видиме каде се нивните слабости за да можеме да извлечеме поволен резултат“, рече Црвенкоска.

Ова, секако, не го менува фактот дека ние сме аутсајдери во двомечот против актуелниот освојувач на мундијалската и на олимписката бронза. Но, според Црвенкоска, тоа не значи и дека не можеме да изненадиме, особено на првиот дуел на домашен терен, каде што покрај поддршката од трибините, адут треба да ни биде и цврстата игра во одбраната.

„Секако Шпанија е фаворит, меѓутоа ние нема да се предадеме предвреме. Ќе играме сконцентрирано, ќе се подготвиме и мислам дека во Скопје барем можеме да изиграме и да пружиме една добра партија. Во ракометот главен адут секогаш е одбраната. Мора да се сконцентрираме повеќе на одбраната. Тие немаат многу шутеви од надвор, така да мислам дека на тоа поле сме подготвени да изиграме една 6-0 добра одбрана, меѓутоа имаме и добри бекови кои што можат во напад да дадат многу голови“, додаде Црвенкоска.
XS
SM
MD
LG