Со желба да се пласира меѓу првите дванаесет, македонската женска ракометна репрезентација го очекува стартот на ЕП кое во наредните 12 дена (од 4-ти до 16-ти декември) ќе се одржи во Србија. За исполнување на таа цел избраничките на селекторот Гино Стрезовски ќе треба да го освојат најмалку третото место во групата во Ниш, каде што ќе ги одмерат силите со Франција, Шведска и со Данска. Станува збор за силни селекции, на кои ќе им се спротивставиме без повредената Елена Георгиевска. Тоа е сериозен хендикеп кој, сепак, не влијае на самодовербата во националниот тим, а според еден од нашите најголеми адути Јулија Николиќ...
„Имаме сили и имаме шанса да направиме добар резултат. Ако сакаме да ја поминеме групата и да одиме во Белград, треба максимално да влеземе на терен, да дадеме се од себе и навивачите да ни помогнат, да не бодрат. И се надевам дека доколку играме како што игравме во квалификациите, ќе имаме успех“, изјави репрезентативката која ги пропушти последните контролни дуели на минатонеделниот турнир во Киев.
Таму доживеавме три убедливи порази, што го намали оптимизмот во нашата јавност. Сепак, ракометарките се убедени дека случувањата во Киев не се реална слика за нашиот квалитет, а, според Драгана Пецевска, таквиот епилог може да се оцени и како добредојден пред многу позначајните натпревари во Ниш.
„На Турчин купот настапувавме без Јулија (Николиќ). Таа ни е многу значен играч во играта. Кога е таа на теренот сосема друга ни е играта, така да и убаво е вака што на крај завршивме на последно место. Сите поинаку ќе не гледаат, да не речам да не потценат. Така, нема голем притисок, а ние веќе помотивирани можеме да направиме поголем успех“, рече Пецевска.
Првата прилика за потврда на овие зборови, таа и нејзините колешки, ќе ја имаат уште утре (4 декември, 18.15 ч.) во мечот со Франција. Таа е првиот фаворит во групата, но и селекцијата која што ја совладавме пред 8 месеци, во квалификацискиот дуел во Скопје. Затоа македонските ракометарки ветуваат дека ќе сторат се за да останат непоразени, но и отворено кажуваат дека шансите за освојување бодови се пореални против другите ривали.
„Франција е фаворит во групата и според мене главен фаворит и за златниот медал, според квалитетот и според играчкиот кадар. Јас шансата ја гледам во натпреварите со Шведска и со Данска, кои што се по квалитет тука, приближно на нашиот. Со овие сознанија дека ќе имаме голема поддршка од навивачите и дека салата ќе биде исполнета до последно седиште, очекувам со нивна поддршка и со наша максимална борбеност да успееме да победиме и да се пласираме во вториот круг во Белград“, истакна капитенот Тања Андрееева.
Инаку, кога се во прашање другите наши средби во Ниш, в четврток (6 - ти декември) се среќаваме со Шведска, а во сабота (8-ми декември) со Данска.
Имаме сили и имаме шанса да направиме добар резултат. Ако сакаме да ја поминеме групата и да одиме во Белград, треба максимално да влеземе на терен, да дадеме се од себе и навивачите да ни помогнат, да не бодрат. И се надевам дека доколку играме како што игравме во квалификациите, ќе имаме успех.Јулија Николиќ, ракометарка.
„Имаме сили и имаме шанса да направиме добар резултат. Ако сакаме да ја поминеме групата и да одиме во Белград, треба максимално да влеземе на терен, да дадеме се од себе и навивачите да ни помогнат, да не бодрат. И се надевам дека доколку играме како што игравме во квалификациите, ќе имаме успех“, изјави репрезентативката која ги пропушти последните контролни дуели на минатонеделниот турнир во Киев.
Таму доживеавме три убедливи порази, што го намали оптимизмот во нашата јавност. Сепак, ракометарките се убедени дека случувањата во Киев не се реална слика за нашиот квалитет, а, според Драгана Пецевска, таквиот епилог може да се оцени и како добредојден пред многу позначајните натпревари во Ниш.
„На Турчин купот настапувавме без Јулија (Николиќ). Таа ни е многу значен играч во играта. Кога е таа на теренот сосема друга ни е играта, така да и убаво е вака што на крај завршивме на последно место. Сите поинаку ќе не гледаат, да не речам да не потценат. Така, нема голем притисок, а ние веќе помотивирани можеме да направиме поголем успех“, рече Пецевска.
Франција е фаворит во групата и според мене главен фаворит и за златниот медал, според квалитетот и според играчкиот кадар. Јас шансата ја гледам во натпреварите со Шведска и со Данска, кои што се по квалитет тука, приближно на нашиот.Тања Андрееева, капитен на репрезентацијата.