Македонската женска ракометна репрезентација, по четиригодишна пауза, во декември повторно ќе настапи на едно европско првенство. Враќањето меѓу 16-те најдобри на Стариот континент го обезбедивме со неделната победа над Турција(26-24), која не искачи на неопходното второ место во квалификациската група(зад неприкосновената Франција), за наше петто учество на континенталниот шампионат.
Ваквиот епилог донесе огромна радост во националниот тим, кој беше на големи искушенија во овие квалификации. Иако важевме за фаворит за пласман на Еуро, ретко кој веруваше во тоа по ланскиот убедлив пораз во Турција. Сепак, во вториот дел од квалификациите ракометарките одговорија на предизвикот. Во четирите меча извојувавме три победи(над Франција, Литванија и Турција, а пораз од Франција), за враќање во европската елита, што, според голманот Тања Андреева, е историски успех.
„Чувството е прекрасно, нормално после четири години пауза е баш големо задоволство да се оди на едно такво првенство. Мислам дека оваа генерација тоа го заслужи, да го постигне овој успех. За нас верувајте дека е историски, зашто од поодамна не сме биле така сплотени како репрезентација, еден за сите, сите за еден. 99 проценти бевме Македонки, што радува и тоа мора да се цени“, изјави капитенот Андреева.
Слично размислува и селекторот Гино Стрезовски:
„Успехот се должи на екипната работа, на колективната игра на целата репрезентација и на изедначеноста на играчите. Во оваа репрезентација нема исклучиво постојан лидер, туку сите се лидери, сите заедно играат и ја водат репрезентацијата. Така што среќата е голема за пласманот на Европското првенство и се надевам дека ова не е последниот збор на оваа репрезентација“, рече Стрезовски.
Тој вели дека е убеден дека оваа генерација има сили за забележителен настап и на Европското првенство. Сепак, барем до дознавањето на противниците во групата, тој не сака да говори за конечниот пласман.
За разлика од него, многу поотворена е Андреева. На прашањето дали може да очекуваме повторување на нашиот најголем успех, седмото место кое пред четири години го освоивме на наш терен, таа одговара:
„Зошто да не? Песимизам не смее да постои кај нас, мора да бидеме оптимисти. Јас мислам дека имаме квалитет, со добри подготовки, со добра стратегија мислам дека можеме и знаеме и имаме шанси да направиме добар резултат.“
Инаку, се уште не се знае каде ќе се игра Европското првенство. Ова, откако во понеделникот Холандија неочекувано ја откажа организацијата. Тоа ја принуди Европската ракометна федерација до бара нов домаќин, кој, според најавите, ќе биде познат до крајот на месецов.
Чувството е прекрасно, нормално после четири години пауза е баш големо задоволство да се оди на едно такво првенство. Мислам дека оваа генерација тоа го заслужи, да го постигне овој успех. За нас верувајте дека е историски, зашто од поодамна не сме биле така сплотени како репрезентација, еден за сите, сите за еден. 99 проценти бевме Македонки, што радува и тоа мора да се цени.Тања Андреева, репрезентативен голман.