Пред женската ракометна репрезентација на Македонија остана уште една пречка за пласман на декемвриското СП во Бразил. За таков подвиг, по триумфот на квалификацискиот турнир во Грција, сега е потребно да се мине баражот во кој на 4-ти и на 11-ти јуни ќе се сретнеме со Шпанија. Противникот е фаворит на хартија благодарение на квалитетот на ракометарките, кои, во најголем број, се членови на европскиот вицешампион Ичако Рејно и на финалистот од Купот на победници на купови, Мар Аликанте. Но, за нас поголем проблем е отсуството на
повредените Јулија Портјанко и Драгица Кресоја.
Поради тоа деновиве на тренинзите и на тест дуелите со Турција се увежбуваат нови комбинации, кои треба да профункционираат веќе в сабота. Селекторот Гино Стрезовски е свесен дека поради краткиот временски период тоа нема да биде ни малку лесно, но и не се жали на неповолната ситуација.
„Неучество на секој репрезентативец е хендикеп, во случајот Портјанко е на операција, Кресоја е повредена, мора без нив две да играме. Ја сменивме малку играта за разлика од онаа во Грција и тоа е, мора да работиме, мора да играме, тоа е тоа што не очекува“, изјави Стрезовски.
Слично размислуваат и ракометарките. Тие се свесни дека ќе бидат на големи искушенија и дека важат за аутсајдери. Но, тоа не ги расколебува, а фактот што многумина веќе ги отпишаа, според Мирјета Бајрамовска, им дава дополнителен мотив да се надминат.
„Иако, знаеме сите дека Шпанија е фаворит ќе се обидеме да направиме нешто и сигурно нема да се предадеме уште пред натпреварите, ќе дадеме максимум, со максимална игра на теренот ќе се обидеме да направиме нешто на овие два дуели“, вели Бајрамовска.
Според неа, наш адут за триумф е реваншот во салата „Борис Трајковски“, но под услов да не доживееме висок пораз во Шпанија. Со тоа се согласува и Стрезовски, кој верува дека неговите избранички ќе одговорат на предизвикот и на паркетот ќе ги исполнат предусловите за вкупна победа.
„Големо, огромно залагање, со малку грешки и да се спротивставиме на нивната игра, односно нивната брза полуконтра да спречиме примање на лесни голови, во тој случај имаме многу убави шанси и во Шпанија и овде кај нас во Скопје“, додаде селекторот на нашата женска ракометна репрезентација.
Својот последен настап на едно врвно меѓународно натпреварување, ракометарките го имаа пред три години. Тогаш, на ЕП во Македонија го освоивме седмото место.
Иако, знаеме сите дека Шпанија е фаворит ќе се обидеме да направиме нешто и сигурно нема да се предадеме уште пред натпреварите, ќе дадеме максимум, со максимална игра на теренот ќе се обидеме да направиме нешто на овие два дуели.
Поради тоа деновиве на тренинзите и на тест дуелите со Турција се увежбуваат нови комбинации, кои треба да профункционираат веќе в сабота. Селекторот Гино Стрезовски е свесен дека поради краткиот временски период тоа нема да биде ни малку лесно, но и не се жали на неповолната ситуација.
„Неучество на секој репрезентативец е хендикеп, во случајот Портјанко е на операција, Кресоја е повредена, мора без нив две да играме. Ја сменивме малку играта за разлика од онаа во Грција и тоа е, мора да работиме, мора да играме, тоа е тоа што не очекува“, изјави Стрезовски.
Слично размислуваат и ракометарките. Тие се свесни дека ќе бидат на големи искушенија и дека важат за аутсајдери. Но, тоа не ги расколебува, а фактот што многумина веќе ги отпишаа, според Мирјета Бајрамовска, им дава дополнителен мотив да се надминат.
Големо, огромно залагање, со малку грешки и да се спротивставиме на нивната игра, односно нивната брза полуконтра да спречиме примање на лесни голови, во тој случај имаме многу убави шанси и во Шпанија и овде кај нас во Скопје.