Достапни линкови

Македонскиот спорт згаснува?


Македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на УЕФА Мишел Платини
Македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на УЕФА Мишел Платини
Македонскиот спорт години наназад живурка, но она што се случува во моментов се заканува и целосно да го згасне. Глобалната економска криза почна да ги откажува и најупорните спонзори, а сите елитни спортски брендови се пред колапс и очајнички се
Македонските спонзори кои вложуваа немаат никакво олеснување, ослободување од даноцо што е најважно. Другата ситуација е што македонскиот спорт нема публика и не се исплати од тој дел да се финансира. И трето е она што немаме висок квалитет, гледачите се навикнаа на висок квалитет во сите спортови, а кај нас квалитетот е опаднат
обидуваат да најдат финансиер кој колку - толку ќе ги одржи во живот. Тоа е случај со поранешниот женски европски шампион во ракомет Ѓорче Петров, синонимот за македонската кошарка и одбојка - Работнички, нашата фудбалска гордост - Вардар и многу други клубови, чии досегашни спонзори решија да се повлечат, а нови не може да се најдат ниту за лек. Сурова реалност, несфатлива во меѓународни рамки, поради тоа што секаде во светот спортските клубови се идеални за рекламирање, промоција и стекнување профит на спонзорите.

Сепак, тоа не е случај и кај нас, каде што ретко кој е изненаден од ова што ни се случува. За долгогодишниот директор на Македонскиот олимписки комитет, Насе Насев тоа е нормално кога

,,Македонските спонзори кои вложуваа немаат никакво олеснување, ослободување од даноцо што е најважно. Другата ситуација е што македонскиот спорт нема публика и не се исплати од тој дел да се финансира. И трето е она што немаме висок квалитет, гледачите се навикнаа на висок квалитет во сите спортови, а кај нас квалитетот е опаднат,"

изјави Насев, според кого спонзорите немаат интерес за вложување и во средина каде што никој не им вели ниту благодарам и се постојано на удар од таканаречените симпатизери на клубови, а всушност луѓе кои сакаат да газдуваат со туѓи пари. Тоа не доведе во неблагодарна ситуација, а за излез од неа, човекот чие име е длабоко врежано во сите меѓународни успеси на македонското борење, вели дека е неопходно час поскоро да се донесат:

,,Законски мерки како што и требаше да биде. Законот да го изгласа собранието за олеснување на спонзорите кои вложуваат во спортот. А, другата мерка е нашите луѓе да го засакаат спортот и да бидат вистински навивачи. Без разлика дали се победува или губи,"

додаде Насев, кој смета дека ова е тема за широки расправи и отворени трибини. Во нив мора да се вклучат сите релевантни фактори во земјава, по што треба да се направи државна стратегија за спас на македонскиот спорт.

XS
SM
MD
LG