Во 2013-та година македонските спортисти ќе имаат бројни меѓународни настапи, а прва на врвната сцена, ќе се појави машката ракометна репрезентација. Таа ќе биде дел од јануарското СП (од 11-ти до 27-ми јануари) во Шпанија, каде што Лазаров и другарите (прво преку групата во која се и селекциите на Данска, Русија, Исланд, Чиле и Катар, а потоа и преку натпреварите за пласман), ќе се обидат да го надминат најголемиот успех на нашиот машки ракомет, 11-тото место освоено во Хрватска, пред 4 години.
Ракометарите ќе бидат во центарот на вниманието и со квалификациите за пласман на ЕП во Данска, односно со пролетните битки со Португалија, Шпанија и со Швајцарија, за освојување на најмалку второто место во групата во која по две кола сме трети со 2 бода.
Големи очекувања јавноста има и од кошаркарите. Тие во септември на ЕП во Словенија ќе ја бранат четвртата позиција, освоена пред 16 месеци во Литванија.
Националниот фудбалски тим, пак, ќе ги продолжи квалификациите за СП во Бразил. Иако во нив влеговме без големи надежи, по позитивните резултати во првите 4 кола, кои не искачија на третото место во групата со Белгија, Хрватска, Србија, Шкотска и Велс, се поголем е бројот на оние што веруваат дека имаме сили за пласман на Мундијалот. Така размислува и најдобриот македонски фудбалер за 2012-та година, Агим Ибраими...
„Нормално, сега не треба нас да не води еуфорија. Играме добро и најзначајно е да бидеме мирни, да веруваме во себе, да веруваме во нашите квалитети и да се обидеме да направиме и чекор напред во нашите кариери. Значи, на вистинскиот пат сме и треба да уживаме во играта, бидејќи така доаѓаат успесите. Така да верувам и се надевам нормално, дека еднаш со Македонија ќе играм на Европско или на Светско првенство.“
Од репрезентациите, во фокусот ќе бидат и ракометарките и ватерполистите. Женската ракометна селекција во јуни во бараж двомеч со Шпанија ќе се бори за пласман на СП, кое во декември ќе се одржи во Србија. Ватерполистите, пак, освен на Медитеранските игри во Турција, во јули ќе играат и на Универзијадата во Казан (Русија), каде што ќе го бранат бронзениот медал освоен пред 17 месеци во Шенжен (Кина).
Кога се во прашање натпреварувачите во поединечна конкуренција, во февруари мундијалски настап ќе имаат нашите адути во зимските спортови - алпските скијачи на СП во Австрија, а нордијците во Чешка. Но, и за едните и за другите, во првите и во последните три месеци од годината, позначајна ќе биде битката за исполнување норма за настап на ЗОИ, кои во февруари наредната година ќе се одржат во Сочи. За остварување на таа цел, тие ќе треба да забележат позитивни резултати на најмалку пет трки, што, според селекторот на алпските скијачи, Иван Лесевски, не би требало да претставува посериозен проблем за неговите ученици, Антонио Ристовски и Дардан Дехари.
„Многу малку работи може да не спречат да ја исполниме нормата и мислам дека тоа нема да биде голем проблем. Едноставно, треба да имаме малку среќа во смисла на тоа да се одржуваат натпреварите, да имаме добри услови, да настапуваме и да имаме среќа да немаме повреди и мислам дека и двајцата ќе ја исполнат нормата.“
Во другите поединечни спортови, годината по ЛОИ е резервирана за европските првенства, a во 2013-та, настапи на собири на најдобрите на Стариот континент ќе имаат кајакарите, борачите, боксерите, атлетичарите, пливачите и каратистите. Поголемиот дел од нив во јуни во Турција ќе се натпреваруваат и на Медитеранските игри, каде што годинава Македонија ќе има дебитантски настап, а борачите ќе учествуваат и на СП, во септември во Унгарија.
Нормално, сега не треба нас да не води еуфорија. Играме добро и најзначајно е да бидеме мирни, да веруваме во себе, да веруваме во нашите квалитети и да се обидеме да направиме и чекор напред во нашите кариери. Значи, на вистинскиот пат сме и треба да уживаме во играта, бидејќи така доаѓаат успесите. Така да верувам и се надевам нормално, дека еднаш со Македонија ќе играм на Европско или на Светско првенство.Агим Ибраими, фудбалер.
Ракометарите ќе бидат во центарот на вниманието и со квалификациите за пласман на ЕП во Данска, односно со пролетните битки со Португалија, Шпанија и со Швајцарија, за освојување на најмалку второто место во групата во која по две кола сме трети со 2 бода.
Големи очекувања јавноста има и од кошаркарите. Тие во септември на ЕП во Словенија ќе ја бранат четвртата позиција, освоена пред 16 месеци во Литванија.
Националниот фудбалски тим, пак, ќе ги продолжи квалификациите за СП во Бразил. Иако во нив влеговме без големи надежи, по позитивните резултати во првите 4 кола, кои не искачија на третото место во групата со Белгија, Хрватска, Србија, Шкотска и Велс, се поголем е бројот на оние што веруваат дека имаме сили за пласман на Мундијалот. Така размислува и најдобриот македонски фудбалер за 2012-та година, Агим Ибраими...
„Нормално, сега не треба нас да не води еуфорија. Играме добро и најзначајно е да бидеме мирни, да веруваме во себе, да веруваме во нашите квалитети и да се обидеме да направиме и чекор напред во нашите кариери. Значи, на вистинскиот пат сме и треба да уживаме во играта, бидејќи така доаѓаат успесите. Така да верувам и се надевам нормално, дека еднаш со Македонија ќе играм на Европско или на Светско првенство.“
Многу малку работи може да не спречат да ја исполниме нормата и мислам дека тоа нема да биде голем проблем. Едноставно, треба да имаме малку среќа во смисла на тоа да се одржуваат натпреварите, да имаме добри услови, да настапуваме и да имаме среќа да немаме повреди и мислам дека и двајцата ќе ја исполнат нормата.Иван Лесевски, селектор на алпските скијачи.